Во рамки на процесот за воспоставување соработка со акредитираните универзитети во Република Северна Македонија за реализација на промотивни настани и презентации пред студентите на студиските програми од областа на економијата и финансиите, а имајќи ја предвид потребата од финансиска едукација и инклузија на студентската популација и подигнување на свесноста за улогата и начинот на функционирање на развојните банки, посебно во услови на криза, во текот на месец декеври 2022 година, Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје одржа презентации на неколку универзитети низ државата.
Во првата фаза беа посетени Американски универзитет на Европа-ФОН, Скопје, Европски универзитет Република Северна Македонија - Скопје, Државен универзитет во Тетово, Универзитет на Југоисточна Европа – Тетово, Меѓународен универзитет – Струга и Меѓународен Славјански универзитет „Г.Р.Державин“ – Свети Николе.

На презентациите беше објаснета улогата на Банката во македонското стопанство, нејзините карактеристики и предности, како и производите кои таа ги нуди за домашните компании.

РБСМ како општествено одговорна банка, во текот на вториот семестар од академската година, ќе продолжи со своите промотивни активности и на останатите универзитети во Република Северна Македонија.