Гаранцијата е инструмент со кој гарантот (Развојна банка на Северна Македонија) се обврзува кон доверителот дека ќе ја исполни полноважната и стасана обврска на должникот (клиентот на Развојна банка на Северна Македонија), ако тоа не го стори должникот.
Со измените и дополнувањето на Законот за Развојна банка на Северна Македонија („Службен весник на РСМ“ бр. 77/21), во Развојна банка на Северна Македонија се формираше Гарантен фонд како посебна организациона единица – одделение Гарантен фонд во рамки на Секторот за кредитирање и гаранции. Гарантниот фонд е столбот на кредитно-гарантната шема преку која се поддржува приватниот сектор, преку обезбедување на дел од колатералот за кредити одобрени од банки и штедилници.
Гарантниот фонд е формиран со средства од Буџетот на Република Северна Македонија, во износ од 10 милиони евра.
Рамките на кредитно-гарантната шема, ограничувањата на Гарантниот фонд, начинот на финансирање, прифатливи кредити за гарантирање, како и известувањето се уредени со самиот закон.
Од Гарантниот фонд, се реализираат два производи:
● Портфолио гаранции кон банка или штедилница, за новоодобрени кредити на микро, мали и средни трговци; и
Максималниот износ на гаранција е д о 80% за кредити за обртни средства и до 50% за кредити за основни средства.
● Индивидуални гаранции за големи трговци кои вршат извоз (најмалку 30% од приходите во последната фискална година да доаѓаат од извоз), со кои се гарантира во име на компанијата кон банка или штедилница.
Максималниот износ на гаранција е до 50% од износот на кредитот.