Што се извозни побарувања?

При продажба на производите/услугите на странски пазари со одложен начин на плаќање, постојат ризици од евентуална ненаплата на побарувањата. Заради заштита од ризикот на ненаплата на своите побарувањата од извозни трансакии, извозниците може да ги осигураат своите побарувања од комерцијални и политички ризици.


Осигурување на извозните побарувања по реализирана испорака на стоките

Осигурување на извозните побарувања по реализирана испорака на стоките значи осигурување на побарувањата на извозникот од неговиот странски купувач по реализираната испорака на стоките. Осигурувањето на извозните побарувања по испорака вклучува:

  • осигурување од комерцијални ризици и
  • осигурување од политички ризици.

Комерцијални ризици:

  • стечај,
  • продолжено неисполнување на обврските (плаќањата) од страна на странскиот купувач, 180 дена од договорениот рок на плаќање.

Политички ризици:

  • ризик од војна или слично,
  • ризик од укинување на дозвола,
  • непочитување на договор.

Осигурување на извозните побарувања пред испорака на стоките

Осигурување на извозните побарувања пред испорака на стоките значи кога извозникот произведува одредена стока по специјална нарачка на одреден странски купувач, доколку во текот на производството странскиот купувач отиде во стечај или настане одреден политички ризик во земјата на странскиот купувач, а производот поради специфичните карактеристики извозникот не може да го продаде на друг купувач, тогаш РБСМ го обештетува извозникот.

Осигурувањето на побарувањата на извозникот од неговиот странски купувач пред испорака на стоките вклучува:

  • осигурување од комерцијални ризици и
  • осигурување од политички ризици.

Комерцијални ризици:

  • стечај

Политички ризици:

  • ризик од војна или слично,
  • ризик од укинување на дозвола,
  • непочитување на договор.

Контакт со Секторот за кредитно осигурување:

Тел: 02/3115-844, 02/3114-840 лок. 141, 142, 143, 144, 145.