Што се домашни побарувања? Што значи осигурување на домашни побарувања?

При продажба на производите/услугите на домашниот пазар со одложен начин на плаќање, постојат ризици од евентуална ненаплата на побарувањата. Заради заштита од ризикот на ненаплата на своите побарувањата, компаниите може да ги осигураат своите побарувања од комерцијални ризици. 


Осигурување на домашните побарувања по реализирана испорака на стоките

Осигурување на домашните побарувања по реализирана испорака на стоките значи осигурување на побарувањата на продавачот од неговиот купувач во РСМ по реализираната испорака на стоките. Осигурувањето на домашните побарувања вклучува:

  • осигурување од комерцијални ризици.

Комерцијални ризици:

  • стечај,
  • продолжено неисполнување на обврските (неплаќање 180 дена од договорениот рок) од страна на домашниот купувач. 

Осигурување на домашните побарувања пред испорака на стоките

Осигурување на домашните побаувања пред испорака на стоките значи кога продавачот произведува одредена стока по специјална нарачка на одреден купувач од РСМ, доколку во текот на производството купувачот отиде во стечај, а производот поради специфичните карактеристики продавачот не може да го продаде на друг купувач, тогаш РБСМ го обештетува продавачот.

 Осигурувањето на побарувањата на купувачот од неговиот купувач во РСМ пред испорака на стоките вклучува:

  • осигурување од комерцијални ризици.

Комерцијални ризици:

  • стечај 

Контакт со Секторот за кредитно осигурување:

Тел: 02/3115-844, 02/3114-840 лок. 113, 217, 127, 128, 125.