Како до факторинг услугата?

  • Се пополнува прашалник и апликација за лимит за странски купувач и се доставува заедно со бараната документација во просториите на РБСМ.
  • Доколку биде одобрена апликацијата, се потпишува и заверува Договор/рамка за факторинг (нотарска заверка).
  • Фактурата се пријавува во РБСМ, на чија основа се исплаќаат средствата (авансот од 80% од износот на фактурата) на сметка на клиентот/ извозникот.

Корисници на факторинг услугата:

  • Трговски друштва регистрирани во РСМ кои вршат продажба на стоки и услуги во странство на одложено плаќање до 180 дена.

Доколку во рок од 180 дена од денот на доспевање на фактурата нема плаќање од страна на странскиот купувач, се активира регресното право (РБСМ го враќа побарувањето на клиентот). За овие 180 дена се пресметува редовна камата од 3,2% годишно, додека по активирање на регресот се пресметува законска затезна камата.


Цена на факторингот:

Цената на факторингот се пресметува врз основа на исплатениот аванс од 80% од износот на фактурата и се состои од:

 

  • каматна стапка која изнесува 3,2% на годишно ниво (каматата се пресметува на исплатениот аванс од 80% од износот на фактурата на реален број на денови)
  • провизија за управување која изнесува 0,2% еднократно (провизијата се пресметува на целокупниот износ на фактурата)


Контакт со Секторот за кредитно осигурување:

Тел: 02/3115-844, 02/3114-840 лок. 141, 142, 143, 144, 145.