Како да аплицирам за кредит?

Директно во РБСМ се аплицира за кредит од кредитната линија за агроиндустрија и кредитната линија за општините за реализација на проекти од ИПА компонентата (условите и документацијата се наведени на ВЕБ страницата на РБСМ). За останатите кредитни линии се аплицира во некоја од деловните банки со кои РБСМ има склучено договори за учество во реализацијата  на истите (условите на кредитните линии и деловните банки со кои РБСМ има склучено договори можат да се видат на ВЕБ страницата на РБСМ)

Кои документи треба да ги доставам при аплицирање за кредит?

За кредитните линии што се аплицира директно во РБСМ (агроиндустрија и општини), документацијата што треба да се достави е наведена на ВЕБ страницата на РБСМ. За останатите кредитни линии документацијата што треба да се достави се договара со деловната банка каде што е поднесено кредитното барање.

На која сметка да ги платам достасаните обврски од Ковид кредитните линии?

Сметката е наведена во член 4 од Договорот за кредит што го има потпишано секој кредитокорисник со РБСМ и е различна за секоја ковид кредитна линија. Исто така, на ВЕБ страницата на РБСМ има линк со инструкции за плаќање за секоја Ковид кредитна линија посебно. 

Колкав износ на обврски ми достасуваат за плаќање во РБСМ?

Ако редовно ги подмирувате обврските, износот што треба да се плати може да се види од Планот на отплата што го добива секој кредитокорисник кој склучил Договор за кредит со РБСМ. Во случај да доцните со подмирување на обврските кон РБСМ, треба да се обратите до РБСМ на е- маил: kreditiranje@mbdp.com.mk (со наведување на име на кредитокорисник, ЕМБС на друштвото-кредитокорисник, кредитна линија, број на Договор за кредит) за да може одговорниот кредитен референт да направи пресметка на казнена камата и соодветно да ве извести.

Како можам да го добијам грантот од Ковид-3 кредитната линија?

Согласно Договорот за кредит (член 6) што го има склучено секој корисник на средства од Ковид3 кредитната линија со РБСМ, аплицирањето за грант може да се направи по вратени 50% од кредитот. Секој кредитокорисник што смета дека исполнува некоја од четирите категории, може да аплицира за дел од кредитот (30%) да се претвори во грант (доколку нема регистрирано доцнење при сервисирање на обврските повеќе од 60 дена за износи поголеми од 3.500 денари). Апликациите, врз основа на поднесена комплетна документација, ги разгледува соодветна комисија.

Дали може да се осигураат достасани фактури ?

 Веќе достасаните  фактури не можат да се осигуруваат.

Дали треба секоја фактура да се осигура?

 Да, секоја фактура треба да се осигура последоватално.

Дали купувачот знае дека ќе бидат осигурани фактурите?

  Купувачот не мора да знае дека е осигурана фактурата.

Дали може да се прави факторинг на достасани фактури ?

Не може да се прави факторинг на достасани фактури. Факторинг се прави само на недостасани фактури.

Дали мора на секоја фактура да се прави факторинг?

Не мора на секоја фактура да се прави факторинг.

Дали е задожително плаќањето од купувачот да биде директно на сметка на РБСМ?

Купувачот треба директно да плаќа на сметката на РБСМ.

Какви видови гаранции има од Гарантниот фонд?

Гарантниот фонд нуди два типа на гаранции : индивидуални гаранции и портфолио гаранции.

Кој може да биде корисник на индивидуалните гаранции од Гарантниот фонд?

Кај индивидуалните гаранции, корисници може да бидат големи трговци кои вршат извоз(односно трговски друштва во кои приходите по основ на извоз имаат учество од најмалку 30% во вкупните приходи во фискалната година која и претходи на годината во која е одобрена гаранцијата).

Кој може да биде корисник на портфолио гаранциите од Гарантниот фонд?

Кај портфолио гаранциите, корисници се банки и штедилници кои од гувернерот на НБРСМ добиле дозвола за основање и работење, и имаат потпишано Договор за портфолио гаранции со РБСМ.

Колкав е процентот на гарантирање кај индивидуалните гаранции?

Кај индивидуалните гаранции, максималниот износ на гаранција е до 50% од износот на кредитот.

Колкав е процентот на гарантирање кај портфолио гаранциите?

Кај портфолио гаранциите, максималниот износ на гаранција е до 80% за кредити за обртни средства и до 50% за кредити за основни средства.

Што се гарантира со гаранциите од Гарантниот фонд, односно со индивидуалните и портфолио гаранциите?

Со индивидуалните и портфолио гаранциите од Гарантниот фонд, се гарантира исклучиво главен долг (главница) од издадени кредити кон компаниите.

До кој износ се гаранциите за царински постапки при увоз заради облагородување?

- До 15.375.000,00 ден. за мали и средни компании (согласно класификацијата во Законот за ТД). - До 24.000.000,00 ден. за компании кои според Нациналната класификација на дејности спаѓаат во шифрите на дејности - Ц/Б преработувачка индустрија. Износот на гаранцијата издадена од РБСМ се одредува во зависност од кредитната способност на компанијата.

Што е обезбедувањето за изавање на царински гаранции при увоз заради облагородување?

Обезбедувањето е меница од компанијата со нотарски акт.

На кој рок се издаваат царински гаранции при увоз заради облагородување?

Овие гаранции се издаваат со важност до 12 месеци.

Дали РБСМ продава имот?

РБСМ располага со имот стекнат по основ на наплата на побарувањата и истиот е наменет за продажба.

Каков имот продава РБСМ?

РБСМ продава движен и недвижен имот

Дали имотот е во целосна сопственост на РБСМ?

РБСМ располага со имот во целосна сопственост на банката, но и со имот во сосопственост со Народна банка на РСМ и Министерството за финансии на РСМ.

Каква е постапката за купување на вашиот имот наменет за продажба?

Врз основа на покажан интерес од купувач за одреден имот се спроведува постапка за продажба со усно јавно наддавање.