Вести

РБСМ, 15.12.2020 - Од вечерва на полноќ почнува поднесувањето кредитни барања за третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, Ковид 3, која ја реализира Развојна банка на Северна Македонија. Третата бескаматна кредитна линија се реализира со финансиска поддршка од Европска Унија преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата во вкупен износ до 30 милиони евра и со буџетска поддршка во износ од 1 милион евра.
Кредитната линија е за микро и мали трговски друштва, трговци поединци и занаетчии чие работење е погодено од КОВИД-19, а се мери преку падот на приходите од најмалку 20%.

Јавниот повик е отворен за поднесување кредитни барања од 16 декември 2020 година од 00:01 часот до 30 декември 2020 година заклучно со 23:59 часот, вкупно 15 дена.
Аплицирањето се прави исклучиво електронски на е-маил адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Секој апликант при достава на кредитното барање во предметот на е-маил пораката треба да го внесе името на компанијата, градот и формата (ДОО, ДООЕЛ, ТП, занаетчија и друго) со латинични букви.

За потврда дека е-маил апликацијата е пристигната во РБСМ, апликантите треба да добијат автоматска порака како одговор од Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Доколку не добијат автоматска порака, се препорачува да се провери адресата, како и да се провери големината на документите (треба да е под 8 MB).
На веб страницата на банката има техничко упатство кое треба да се следи при аплицирањето.

Обработката на кредитните барања ќе биде хронолошка како што се пристигнати кредитните барања на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и ќе започне по завршувањето на јавниот повик.

Скопје, 14.12.2020 - На својата 29-та седница Владата донесе одлука за зголемување на почетниот капитал на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје за 3 милиони евра. Целта на зголемувањето на капиталот на банката е зголемување на поддршката на приватниот сектор, а особено поддршката на извозот во услови на отежнато работење на домашните компании.

Зголемувањето на поддршката на приватниот сектор ќе се реализира преку проширување на портфолиото на банката со издавање на царински гаранции. Царинските гаранции беа предвидени со четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата. Со овој производ, ќе се олесни увозот на материјали заради облагородување кој се реализира како извоз во форма на производи и услуги.

Преку Развојна банка на Северна Македонија досега се реализираа две бескаматни кредитни линии за поддршка на микро, мали и средни компании со кои се поддржаа околу 1.400 компании со 18 илјади вработени. Дополнително, преку Развојна банка се ставија на располагање на приватниот сектор 50,9 милиони евра поволни кредити од ЕИБ кредитната линија за проекти на 189 компании кои треба да вработат нови 605 лица.

Тековно Развојна банка ја реализира третата бескаматна кредитна линија со грант компонента за микро и мали трговски друштва, ТП и занаетчии, за која поднесувањето на кредитни барања започнува во среда на 16 декември 2020 година од 00:01 часот на полноќ. Третата бескаматна кредитна линија се реализира со финансиска поддршка до 30 милиони евра од Европската Унија преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата, како и од буџетски средства во износ од 1 милион евра.
Јавниот повик и пропратните документи се достапни на веб страницата на банката.

31 милион евра се ставаат на располагање на микро и малите компании, трговски претријатија и занаетчии

 

                                                                                                                               
Повикот е финансиран од                                                                                                                                                                        Развојна банка на
        Европска Унија                                                                                                                                                                        Северна Македонија АД Скопје


Скопје, 07.12.2020 - Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес на заедничка прес-конференција со ЕУ амбасадорот Дејвид Гир и директорот на Развојна банка на Северна Македонија Кире Наумов, изврши промоција на новата, трета по ред бескаматна кредитна линија Ковид 3, која од денес станува достапна за микро и мали трговски друштва, трговци поединци и занаетчии, а со која на располагање се ставаат 31 милион евра.

„Би сакал да се заблагодарам на Европската Унија, која преку механизмот ЕУзаОтпорност од ИПА програмата, обезбеди 30 милиони евра за реализација на оваа мерка, додека 1 милион евра е државна поддршка од наменските програми во Буџетот, за справување со корона вирусот од страна на Владата“, соопшти вицепремиерот Битиќи. 

Битиќи посочи дека на јавниот повик, објавен од Развојна банка на Северна Македонија, 
може да аплицираат сите микро и мали трговски друштва, трговци поединци и занаетчии чие работење е погодено од корона вирусот, а може да се измери преку падот на приходите. 
„Во оваа трета кредитна линија, на барање на Занаетчиските комори, првпат е проширен таргетот на кредитната линија и им е дадена шанса и на занаетчиите кои имаат пад на своите приходи најмалку 20%, да можат да поднесат кредитно барање за кредит со 0% камата. Со овој исчекор во рамки на можностите само се потврдува искрената заложба на Владата и сите чинители во економските ресори да испорачаат реална поддршка на оние што најмногу им треба – на најмалите. Оваa мерка е континуитет на претходните две кредитни линии Ковид 1 и Ковид 2, со кои беа обезбедени бескаматни кредити во вредност од 13,5 милиони евра, за 1.376 компании, за зачувување на близу 18.000 работни места во овие компании. Дополнително ја зајакнуваме поддршката и овозможуваме два и пол пати повеќе средства за компаниите, за обртни средства, за финансирање на тековните потреби, за реализирање проекти поврзани со зелена економија, воведување нови начини на продажба, дигитализација, нови услуги, поголема ликвидност и полесно справување со економските состојби. Очекуваме третата линија да поддржи 2.000 микро и мали субјекти“, нагласи вицепремиерот Битиќи во своето воведно излагање при промоција на новата бескаматна кредитна линија на Развојната банка.

Шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје, Амбасадорот Дејвид Гир подвлече дека бескаматната кредитна линија е дел од голем финансиски пакет обезбеден од страна на Европската Унија во вредност од 40 милиони евра.

„Целта на овој пакет е да даде поддршка на малите бизниси како и да промовира вработување и да стимулира иновации. Од овие 40 милиони евра, 30 милиони евра заедно со 1 милион евра од националните фондови ќе добијат форма на бескаматна кредитна линија која што ќе биде управувана од страна на Развојна банка на Северна Македонија, наменета за микро и мали македонски претпријатија, коишто ќе им помогнат во справување со последиците од пандемијата. Останатите 10 милиони евра ќе бидат управувани од Агенцијата за вработување, се со цел да им се помогне на луѓето кои се без работа, а сакаат да основаат почетен бизнис, како и да им овозможи на микро, на малите и средните претпријатија да креираат нови можности за работа. Во исто време овој пакет „EU4resilience“- „ЕУ за отпорност“ ќе охрабри инвестиции во зелената и дигитална транзиција, прашања кои што го заземаат врвот на агендата на Европската Унија, истовремено промовирајќи можности за жените како и за младите лица“, нагласи амбасадорот на ЕУ, Гир.

Директорот на Развојна банка на Северна Македонија, Кире Наумов ги презентираше сите детали на јавниот повик при што посочи дека кредитите ќе бидат без камата, со 3 години рок на отплата и вклучен грејс период до 6 месеци, а ќе може да се користат за набавка на основни и обртни средства заради непречено финансирање на тековните активности и потребата од обртен капитал на субјектите.

„Минимален износ на кредит за кој ќе може да се поднесе барање е 3.000 евра, а максималниот износ изнесува 5.000 евра за трговец поединец и занаетчија; и 15.000 евра за микро и мали трговски друштва. Објавата на Јавниот повик ја правиме денес, а почетокот за доставување кредитни барања за Ковид 3 е на 16 декември од 00 часот и 01 минута на полноќ. Кредитни барања ќе може да се доставуваат сè до 30 декември до 23 часот и 59 минути, односно повикот трае вкупно 15 дена. Пристигнатите кредитни барања ќе се обработуваат по завршување на јавниот повик, хронолошки, по принципот ,,прв дојден, прв услужен”, појасни директорот Наумов.

Аплицирањето ќе биде исклучиво електронски на е-маил адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Новина во оваа кредитна линија е грант компонентата од 30% која корисниците на кредит од Ковид 3 ќе можат да ја добијат. Грант компонентата се однесува на четири категории субјекти, и тоа:
- Прва категорија субјекти се оние кои се управувани од жена, или пак имаат во сопственичката структура жена или жени со учество од најмалку 50%;
- Втора категорија субјекти се оние кои се управувани од млади лица до 29 години согласно европската дефиниција за млади, или пак имаат млади во сопственичката структура од најмалку 50%;
- Трета категорија субјекти се извознички компании, кај кои учеството на приходите од странство во вкупните приходи е најмалку 50%;
- И четврта категорија е најширока, а се однесува на субјекти кои реализираат активности, односно проекти во областа на зелена економија, модернизација и дигитализација на деловните процеси преку набавка на опрема или воведување нов начин на продажба, како и иновација од аспект на воведување на нови производи и нови услуги;

Правото на грант ќе можат да го остварат кредитокорисниците на Ковид 3 по отплата на 50% од износот на кредитот, со поднесување на барање за грант до Развојната банка.

                                   

 Видео од прес-конференцијата во Влада на РСМ                                                      Презентација на Ковид3, пдф 

Извор: Влада на РСМ

                                                                                                                                
Повикот е финансиран од                                                                                                                                                                        Развојна банка на
        Европска Унија                                                                                                                                                                        Северна Македонија АД Скопје


Врз основа на Законот за Македонска банка за поддршка на развојот (Сл.Весник на Република Македонија бр.105/2009), Договорот за администрирање на Фонд за микро и мали претпријатија бр.10-7500/2 од 12.11.2020 година и бр.15-8547/1 од 17.11.2020 година Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, објавува:

 

 

 ЈАВЕН ПОВИК бр.1
ФОНД ЗА МИКРО И МАЛИ ПРЕТПРИЈАТИЈА
за поднесување на кредитно барање за директно кредитирање на
микро и мали претпријатија погодени од Ковид-19
(Ковид-3)

 

Почитувани, во врска со реализацијата на процесот на доставување на кредитни барања за Ковид 3 бескаматната кредитна линија, Ве известуваме дека протокот на сообраќај е на оптимално ниво. Поради големината на сообраќајот во првите 24 часа, којашто беше осумпати поголема од сообраќајот за Ковид 2, протокот на е-маил пораките испратени кон Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. беше намален. Намалениот проток влијаеше на тоа да биде потребен подолг временски период да се обработат пристигнатите е-маил пораки и автоматските одговори кон апликантите се реализираа со одредено задоцнување. Со извршена оптимизација на сообраќајот е значително намален периодот на обработка од испраќање на апликација кон Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. до добивање на автоматска повратна порака. Сите коишто направиле обид да испратат апликација кон банката, а притоа не добиле автоматска повратна порака, може да ги направат минималните проверки за точноста на е-маил адресата, големината на прилозите, како и дали е-маил пораката е испратена согласно со Упатството за аплицирање. Пристигнувањето на кредитни апликации во Развојна банка продолжува да се одвива се до 30 декември 2020 година до 23:59 часот, а обработката на кредитните .барања ќе започне по завршување на овој период. РБСМ-17.12.2020

I. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Предмет на овој јавен повик е поднесување на кредитно барање од Фондот за микро и мали претпријатија за директна поддршка на микро и мали трговски друштва, трговци поединци и занаетчии кои плаќаат данок на реален приход и се регистрирани во Република Северна Македонија.

Фондот за микро и мали претпријатија од кој ќе се реализира оваа кредитна линија е формиран со средства преку EU4Reselience ИПА програмата на Европската Унија кои се ставени на располагање на Фондот во износ до 30 милиони евра во денарска противвредност и буџетски придонес во износ од 60 милиони денари.

II. УСЛОВИ ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА СРЕДСТВАТА
Средствата од Фондот за директно кредитирање на микро и мали претпријатија ќе се доделуваат под следните услови:

Намена на кредитот:
За основни и обртни средства заради непречено финансирање на тековните активности и потребата од обртен капитал како и поддршка при реализација на проекти за купување на основни средства во функција на реализација на бизнисот.

Износ на кредитот:
Максималниот износ на кредитот кој може да биде одобрен на кредитокорисник трговско друштво  не може да надмине износ од 922.500 денари.
Максималниот износ за трговец поединец и занаетчија не може да надмине износ од 307.500 денари.
Минималниот износ на кредит кој може да биде одобрен на кредитокорисник од оваа кредитна линија не може да биде помал од 184.500 денари.

Начин на пласирање:
Одобрениот кредит се исплаќа директно на кредитокорисникот согласно инструкциите доставени во Барањето за кредит.

Рокови на отплата:
До 3 (три) години со вклучен грејс период до 6 (шест) месеци.

Критериуми за одобрување:
Квалификувани кредитобаратели се:
1. Микро и мали трговски друштва, трговци поединци, занаетчии (кои плаќаат давачки на реален приход) класифицирани согласно Тековна состојба;
2. Кои немаат неплатени јавни давачки и придонеси, освен ако на истите им е одобрено одложено плаќање на даноците и придонесите во согласност со посебните прописи од областа на даноците и истите редовно ги плаќаат, најмалку заклучно со 31.01.2020 година или подоцна;
3. Кои не се во постапка на стечај или ликвидација;
4. Имаат поднесено годишна сметка во Централен регистар на Република Северна Македонија;
5. Согласно финансиските извештаи за последната фискална година имаат главнина и резерви (наведен во билансот на состојба) не помалку од 33% од износот на бараниот кредит;
Овој критериум не се применува кај занаетчии и ТП.
6. Согласно податоците од кредитен регистар на Народна Банка на Република Северна Македонија со состојба на 31.01.2020 година, се во класификација подобра или еднаква на Б (се врши пресметка на просечна ризичност) или нема обврски кон банките;
7. Согласно податоците од кредитен регистар на Народна Банка на Република Северна Македонија се во ризичната класификација В –редовен статус со пресметана исправка на вредност/посебна резерва во однос на вкупна изложеност на банките кон одреден клиент помала или еднаква на 29,9% со состојба на 31.01.2020 година, само ако показателот за степенот на финансиска задолженост е помал од 5,0 (сооднос меѓу вкупни обврски по заеми и кредити / главнина и резерви од билансот на состојба). Исклучок е доколку вкупната кредитна изложеност на банките кон одреден клиент е помала од 10.000 денари;
Овој критериум не се применува кај занаетчии и ТП.
8. Бележат пад на приходите од најмалку 20% во било кој од месеците од април до август (април, мај, јуни, јули или август) од 2020 година, споредено со истиот месец во претходната година – 2019;
или
бележат пад на приходите од најмалку 20% во било кој од месеците од април до август (април, мај, јуни, јули или август) од 2020 година, споредено со просечните реализирани месечни приходи во 2019 година (пресметано како вкупни приходи 2019 / 12 месеци). За овој критериум, кредитобарателот дава Изјава под морална и кривична одговорност.

Каматна стапка за кредитокорисниците
Каматната стапка за кредитокорисниците се утврдува фиксно на износ од 0% на годишно ниво.
РБСМ нема да наплаќа провизија од кредитокорисникот за обработка на кредитните барања.

Обезбедување
Заемот се обезбедува со меница од кредитокорисникот авалирана од еден од сопствениците на кредитокорисникот, со менична изјава за уредување на правата и обврските по меницата во форма на нотарски акт со извршна клаузула.
Трошоците за воспоставување на обезбедувањето се на товар на кредитокорисникот.

Останато
РБСМ во име и за сметка на Владата на Република Северна Македонија, по одобрување на кредитното барање, ќе склучи договор за кредит со кредитокорисникот.

III. СУБЈЕКТИ КОИ ИМААТ ПРАВО НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА КРЕДИТНО БАРАЊЕ
Право на поднесување на кредитно барање имаат, микро и мали трговски друштва, трговци поединци и занаетчии кои плаќаат данок на реален приход, кои се регистрирани во Република Северна Македонија согласно позитивните прописи и се со основна главнина во приватна сопственост на правни и физички лица од најмалку 51%.
Кредитобарателот може да ја провери својата класификација по големина со увид во негова тековна состојба.

IV. ГРАНТ КОМПОНЕНТА
Доколку на кредитобарател му е одобрен кредит, тогаш тој може да побара да користи грант компонента (отпуштање на долг) од 30% од износот на кредитот. За да може да користи грант компонента, кредитокорисникот, по исполнување на следните два услови се стекнува со право да побара отпуштање на долгот:

  1. Подмирил најмалку 50% од обврските по основ на кредитот;
  2. Нема регистрирано доцнење при сервисирање на обврските по основ на овој кредит подолго од 30 дена.

Грант компонентата може да се добие по една од следните четири категории:

 Категорија 1:

  • има жена/жени во сопственичка структура најмалку 50%; или
  • е раководен од жена (жена-управител).

Категорија 2:

  • има млади до 29 години во сопственичка структура најмалку 50%; или
  • е раководен од млади до 29 години (млад-управител).

Категорија 3:

  • е кредитокорисник-извозник со учество на приходот од странство со повеќе од 50% во финансиските извештаи за последната фискална година.

Категорија 4:
е кредитокорисник за реализација на проекти:

  • за зелена економија;
  • за модернизација и дигитализација на деловните процеси преку набавка на опрема и/или воведување нов начин на продажба (е–продажба);
  • за воведување на нови производи и нови услуги.

 
За користење на грант-компонентата, кредитокорисникот треба да поднесе барање за отпуштање на долг до РБСМ.

 

Исполнетост на критериумите за користење на грант компонентата ќе се
оценува во моментот на поднесување на
барањето за одобрување
грант компонента (отпуштање долг) на следниот начин:

Категорија 1:
- при поднесување на апликација за кредит според Тековна состојба на претпријатието;
  и
- при поднесување на барање за одобрување на грант компонента,
видно од Тековна состојба на субјектот.

Категорија 2:
- при поднесување на апликација за кредит според Тековна состојба на претпријатието;
и
- при поднесување на барање за одобрување на грант компонента, нема промени во сопственичката и/или структурата на управување,
видно од Тековна состојба на субјектот.

Категорија 3:
- при поднесување на апликација за кредит,
видно од годишна сметка и аналитичка картица на сметка 121 побарувања од купувачи во странство;
или
- при поднесување на барање за одобрување на грант компонента,
видно од годишна сметка и аналитичка картица на сметка 121 побарувања од купувачи од странство.

Категорија 4:
- при поднесување на барање за одобрување на грант компонента, доставува доказ за реализација на проектите/активностите поврзани со:

  • зелена економија
  • модернизација и дигитализација на деловните процеси преку набавка на опрема и/или воведување нов начин на продажба (е–продажба);
  • воведување на нови производи и нови услуги.

V. ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Документ без кој нема да се обработува барањето за кредит е Кредитно барање од кредитобарателот, кој е образец објавен на веб страницата на банката и кое ги содржи основните информации на кредитобарателот, износот на кредит кој го бара, инструкции за плаќање, и други информации.

Задолжителна документација која кредитобарателот е должен да ја достави на јавниот повик е следната:

  1. Кредитно барање (образец објавен на веб страницата на банката),
  2. Апликација за регистрација на клиент (образец објавен на веб страницата на банката),
  3. Доказ за немање на достасани неплатени даноци и придонеси кон државата – Уверение од УЈП, најмалку со датум 31.01.2020 година или подоцна. Барањето за издавање на Уверение за платени даноци и придонеси се поднесува електронски преку системот е-даноци: https://etax-fl.ujp.gov.mk/
  4. ЗП образец (образец заверен потпис),
  5. Изјава за поврзаност со други правни/физички лица, (образец објавен на веб страницата на банката),
  6. Изјава за постоење својство на носител на јавна функција (образец објавен на веб страницата на банката),
  7. Изјава за проверка на кредитна изложеност (образец објавен на веб страницата на банката),
  8. Aналитичка картица на сметка 121 побарувања од купувачи во странство (само за оние кредитобаратели кои ќе означат дека ќе поднесат барање за отпуштање на долг за категорија 3-извозник, се набавува од сметководството на барателот).

Документација која кредитобарателот треба да ја достави или која доколку не биде доставена од кредитобарателот банката ќе ја обезбеди по службена должност.

  1. Тековна состојба не постара од 6 месеци,
  2. Годишна завршна сметка (со 31.12.2019),
  3. Доказ дека не е отворена стечајна, односно ликвидациона постапка -Потврда за стечај и Потврда за ликвидација (од Централен регистар на РСМ).

VI. КРИТЕРИУМИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВАТА
Квалификуван кредитокорисник кој ги исполнува критериумите за одобрување на кредит по принципот ,,ПРВ ДОЈДЕН, ПРВ УСЛУЖЕН”.
Кредитните барања се обработуваат хронолошки како што се пристигнати на е-маил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .

VII. ИЗГОТВУВАЊЕ И ПОДНЕСУВАЊЕ НА КРЕДИТНО БАРАЊЕ
Кредитното барање со комплетната документација се доставува исклучиво по електронски пат, на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Доставените кредитни барања се распределуваат автоматизирано, поради што е неопходно да се почитуваат следните правила при аплицирање:

  • Во предметот (Subject) на е-маилот со кој се доставува кредитното барање да биде наведен назив на компанијата град и правната форма на латиница, на пример: Vardar Berovo DOOEL
  • Доколку кредитното барање се доставува во две или повеќе пораки, насловот (Subject) на пораките треба да е ист како во првата порака без дополнителни знаци и додатоци како на пример: 1, 2, vtor del, covid3, kovid, итн.
  • Прилозите не треба да надминуваат големина од 8MB и треба да бидат доставени во прилог како .pdf, .zip или .rar формат.

Кредитното барање е задолжителен документ и доставената друга документација нема да биде разгледана додека не се достави Кредитно барање. Кредитното барање мора да биде целосно пополнето.

Кредитното барање и пропратните документи чии обрасци се пропишани од банката, се препорачува да бидат пополнети електронски, на компјутер, или доколку тоа не е возможно да бидат пополнети читко со печатни букви.

Кредитните барања можат да бидат потпишани рачно или со дигитален сертификат.

Кредитобарателот може да поднесе само едно кредитно барање.

VIII. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Кредитните барања за јавниот повик се доставуваат 15 дена, со почеток од 16 декември 2020 година од 00:01 часот и завршува на 30 декември 2020 година во 23:59 часот.

Обработката на пристигнатите кредитни барања ќе отпочне по затварање на јавниот повик. 

Документите кои се доставуваат на јавниот повик се неповратни.

Неадекватните кредитни барања на неквалификувани кредитокорисници нема да се разгледуваат.

Некомплетните барања за кредит нема да се разгледуваат сè додека не се дополнат.

Пристигнатите документи без Кредитно барање (образец на веб страната на банката) нема да се обработуваат сè додека не се поднесе Кредитното барање.

Банката не сноси никакви трошоци настанати со подготовка, составување и доставување на барањата за кредит, така што учесникот на јавниот повик нема право на надомест на било какви трошоци по основ на учество на овој јавен повик.

Банката ќе ги извести барателите на кредит на коишто им е одобрен кредит врз основа на доставено Кредитно барање, на електронската адреса наведена во Тековната состојба на субјектот.

Банката ќе ги известува кредитобарателите чии кредитни барања се одбиени, со причина за одбивање, на електронската адреса наведена во Тековната состојба на субјектот.

Банката нема да ги известува индивидуално кредитобарателите чии кредитни барања се пристигнати по исцрпување на средствата.

За исцрпување на средствата по објавениот Јавен повик, Банката ќе објави на својата веб страница.

Апликациите за кредит поднесени во јавниот повик Ковид 1 и Ковид 2 не се предмет на разгледување.

Сите информации и обрасци поврзани со јавниот повик, може да се најдат на веб страната на банката https://mbdp.com.mk/mk/kreditiranje/kovid-3