Вести

Скопје, 26.11.2021

 Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, денес ја повлече првата транша во износ од 16,9 милиони евра за мали и средни компании од заемот од Европската инвестициска банка. Со оваа транша, се обезбедува поддршка на 50 проекти на домашни мали и средни компании и средно-пазарнокапитализирани компании кои ќе вработат нови 90 лица.

Од траншата, најголем дел на средствата се наменети за компании во сегментот на трговијата и производството (12,8 милиони евра). Компаниите ги користат средствата од кредитната линија преку матичните комерцијални банки, за заеми за тековни средства со каматна стапка до 1,6%.

Со заемот на РБСМ од ЕИБ, кој се склучи во 2021 година, се обезбедија 100 милиони евра по поволни услови, како директна поддршка на малите и средни компании и средно пазарнокапитализирани компании. Преку заемот, се поддржуваат домашни компании од трудоинтензивните дејности како производство, туризам и услуги, за брзо закрепнување од КОВИД-19 кризата. Заемот од ЕИБ ќе им помогне на компаниите да обезбедат континуитет на деловните процеси и задржување на работните места, а истовремено да ја зголемат својата продуктивност и да ги прошират деловните активности.

Скопје, 18.11.2021


Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, во соработка со најголемите комори во државата, започнува со серија едукативни настани за портфолио и индивидуални гаранции од Гарантниот фонд. Целта на настаните е запознавање со корисностите на домашните микро, мали и средни трговски друштва и големите извозни компании од гарантната шема.

Едукативните настани ќе се реализираат во периодот од 18ти до 30ти ноември 2021 година, а членките на коморите ќе можат истите да ги проследат преку организирани он-лајн линкови за кои може да се информираат во матичните комори. Распоредот на едукативните настани е следен:

 18 ноември 20201 година   Стопанска комора на Северна Македонија  
 23 ноември 2021 година   Сојуз на стопански комори на Македонија
 25 ноември 2021 година   МАСИТ
 30 ноември 2021 година   Комора на Северозападна Македонија

 

Скопје, 12.11.2021

Девет банки и една штедилница досега се вклучија во државната гарантна шема со потпишување на договор за издавање на портфолио гаранција од Гарантен фонд кон нив. Со новото проширување, издадените портфолио гаранции кон банките и штедилниците имаат вкупен потенцијал за  гаранција до 23,5 милиони евра.

Со портфолио гаранцијата, банката или штедилницата, може да обезбеди кредити одобрени на микро, мали и средни трговци во доминантна приватна сопственост. Кредити кои може да бидат ставени под портфолио гаранција треба да бидат со минимален износ од 300.000 денари и максимален износ до 30.750.000 денари, а може да бидат наменети за основни или обртни средства. Рокот на отплата на кредитите под гаранција може да биде до осум години за основни средства и до три години за обртни средства, со можност за грејс период до една година.

Гаранцијата за кредити за основни средства може да биде до 50% од износот на главницата на кредитот, додека гаранцијата за кредити за обртни средства може да биде до 80% од износот на главницата на кредитот.

Развојна банка на Северна Македонија, до денес има издадено портфолио гаранции кон Стопанска банка АД Битола, УНИ банка АД Скопје, Централна Кооперативна банка АД Скопје, Капитал банка АД Скопје, Халкбанк АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје, Прокредит банка АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје и Штедилница Можности. Овие девет банки и една штедилница, на своите клиенти можат да им понудат дополнителен колатерал обезбеден преку гаранцијата од Гарантниот фонд до 50%, односно до 80% од кредитот во зависност од неговата намена.

Листата на банки и штедилници кои се дел од гарантната шема, се очекува да се шири и понатаму.

Гарантната шема е дел од економските сетови на мерки донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија, заради справување со последиците од КОВИД-19 пандемијата, и е дел од Планот за забрзан економски раст на Владата. Со дополнување на Законот за Развојна банка на Северна Македонија, во рамките на истата, се формираше Гарантен фонд како посебна организациона единица.

Преку Гарантниот фонд се реализираат два производи: (1) портфолио гаранции кон банки и штедилници, за поддршка на кредитирањето на микро, мали и средни трговци и (2) индивидуални гаранции за големи трговци кои вршат извоз, за кои големите компании може да се обратат директно до Развојна банка на Северна Македонија.

Банките кои се вклучени во кредитно-гарантната шема се објавени на веб страницата на РБСМ, Производи - Гаранции - Портфолио гаранции.

Упатство за плаќање на обврски по „КОВИД 3“ кредитна линија
 
 Барање за дополнителен грејс период и рок на отплата за КОВИД-3
 
Упатство за пополнување и поднесување на Барањето за дополнителен грејс период и рок на отплата за КОВИД-3 до РБСМ
 
Јавен повик за дополнителен грејс период и продолжување на рок на отплата за КОВИД-3
 
 
Контакт-кредитирање
 
Линкови