Вести

МБПР заедно со Фондот за иновации во периодот од 09.03.2017 до 07.04.2017 година реализира презентации и средби со заинтересирани потенцијални корисници на услугите на МБПР во делот на кредитирањето, осигурувањето на побарувања и факторинг.
Средбите се користат за објаснување на постапките за аплицирање, карактеристиките на самите производи како и за да се даде одговор на сите поставени прашања за истите.

Прилеп

    

Куманово

   

Скопје, 06.12.2016 - Во просториите на Комората на Малиот Бизнис во Скопје се одржа работилница на која присуствуваа членови на Комората и претставници на финансиски институции во РМ. На работилницата им се даде можност на членовите на Комората да се претстават со свои проекти, а финансиските институции да ги разгледаат заеднички можностите за соработка.

 

Единствената цел на оваа работилница беше да се пронајде начин како да се финансираат малите бизниси, а претставниците на МБПР дадоа свој придонес со одговарање на прашања, давање на насоки и објаснување како најлесно да дојдат до финансии со цел да ги реализираат своите проекти.

 

Ресен, 28.11.2016 – Во соработка со Регионалната Стопанска комора Битола во просториите на општина Ресен се одржа презентација пред повеќе од 15 извозници на земјоделски производи од општина Ресен и пошироко. Притоа се презентираа производите на МБПР како: осигурување на побарувања, факторинг и кредитни линии, кои се во функција на намалување на ризиците од ненаплата, кредитирање на извозот и премостувањето на периодот од извоз до наплата.

 

Исто така се објаснија во детали постапките за поднесување на барања за производите на МБПР како и се одговараше на поставените прашања од заинтересираните претставници на извозните компании.

ЈАВЕН ПОВИК БР. 1 ЗА ПОДДРШКА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО НА COVID-19 ВО ЕКОНОМИЈАТА                                                               ИНФО ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД-19 ВО ЕКОНОМИЈАТА (КОВИД2 И ЕИБ)                                                               ЈАВЕН ПОВИК БР. 1 ЗА ПОДДРШКА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО НА COVID-19 ВО ЕКОНОМИЈАТА                                                               ИНФО ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД-19 ВО ЕКОНОМИЈАТА (КОВИД2 И ЕИБ)                                                               ЈАВЕН ПОВИК БР. 1 ЗА ПОДДРШКА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО НА COVID-19 ВО ЕКОНОМИЈАТА                                                               ИНФО ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД-19 ВО ЕКОНОМИЈАТА (КОВИД2 И ЕИБ)                                                               ЈАВЕН ПОВИК БР. 1 ЗА ПОДДРШКА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО НА COVID-19 ВО ЕКОНОМИЈАТА                                                               ИНФО ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД-19 ВО ЕКОНОМИЈАТА (КОВИД2 И ЕИБ)                               

 

 

 

  

 ПОДДРШКА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО НА COVID-19 ВО ЕКОНОМИЈАТА 

 

  Развојна банка на Северна Македонија со поддршка на Владата на Република Северна Македонија
искреира нова кредитна линија за поддршка на претпријатијата погодени од состојбата со корона вирусот.

Кредитната линија е наменета за микро, мали и средни претпријатија од најпогодените сектори.

 Јавниот оглас е објавен на 25.03.2020 год. и ќе трае 30 дена сметано од 26.03.2020 год., односно во овој
период можат да се доставуваат апликациите/кредитните барања по принципот прв дојден прв услужен
.

  Од потребните документи, пет се обрасци на РБСМ, а останатите можат да се обезбедат
по електронски пат од надлежните институции
.

 Сите потребни информации се наоѓаат во Огласот со кликнување на било кој дел од овој текст.

 За понатамошните мерки што дополнително ќе бидат преземени од страна на РБСМ, навремено ќе бидете известени. 

 

 ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ Е ЗАЕДНИЧКА ОДГОВОРНОСТ. ОД НАС ЗАВИСИ!