Вести

Вкупно досега се одобрени 2.678 кредитни барања, во износ од 30,3 милиони евра

 

РБСМ, 01.04.2021  Нова група од 95 кредитни барања е одобрена од третата бескаматна кредитна линија со грант компонента која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата.

На Јавниот повик ,,Ковид 3”, пристигнале кредитни барања за 3.282 компании. Од нив се обработени вкупно 3.155 кредитни барања за 34,3 милиони евра, заклучно со 30 декември, 11 часот и 49 минути. Од овие кредитни барања, 2.678 ги исполниле условите од Јавниот повик, додека 477 не исполниле најмалку еден или повеќе услови наведени во Јавниот повик.

Според структурата на одобрените кредитни барања, 1.413 кредитни барања се од мали компании, 1037 барања се од микро компании, 170 кредитни барања се од трговци-поединци и 58 кредитни барања се од занаетчии. Корисниците на бескаматните кредити од третата линија вработуваат вкупно 18.927 лица.

Најголем дел од одобрените 2.678 кредитни барања, доаѓаат од Скопскиот регион, и тоа 32%, а по него следат Полошкиот регион со 15%, Југоисточниот со 12% и Југозападниот регион со 11%. Од Источниот и Пелагонискиот регион се по десет отсто од одобрените кредитни барања, додека од Вардарскиот и Североисточниот регион доаѓаат по 5% од одобрените кредитни барања.

Според структурата на кредитните барања кои не исполниле најмалку еден или повеќе услови, 51% од апликантите не го исполниле условот поврзан со односот меѓу капиталот и резервите од билансот и износот на кредит, 23% од апликантите кои испратиле кредитно барање не биле микро или мало трговско друштво, ТП или занаетчија. Кај 8% од апликантите не е утврден пад на приходи од најмалку 20% во 2020 година споредбено со 2019 година, а 7% од апликантите биле во неприфатлива кредитна категорија. Останатите 11% биле поголеми субјекти од оние опфатени со Јавниот повик, нови субјекти или не ја комплетирале својата документација.

Заклучно со вчерашниот ден се исплатени вкупно 2.361 кредитно барање, односно 88% од одобрените кредитни барања. Вкупниот износ на исплатени кредитни барања изнесува 26,9 милиони евра.
Сите 3.155 апликанти чии кредитни барања се одобрени или не се одобрени, се известени на е-маил адресата од тековната состојба.

Вкупно досега се одобрени 2.583 кредитни барања, во износ од 29,3 милиони евра

 

РБСМ, 24.03.2021 - Нова група од 124 кредитни барања е одобрена од третата бескаматна кредитна линија со грант компонента која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата.

Досега, од кредитната линија за која се предвидени средства од 31 милион евра, се одобрени 2.583 кредитни барања на вкупен износ од 29,3 милиони евра. Овие барања ги исполниле условите од јавниот повик објавен на 7-ми декември 2020 год.

Според структурата на одобрените кредитни барања, 1.368 кредитни барања се од мали компании, 999 барања се од микро компании, 164 кредитни барања се од трговци-поединци и 52 кредитни барања се од занаетчии.

Најголем дел од одобрените 2.583 кредитни барања, доаѓаат од Скопскиот регион, и тоа 32%, а по него следат Полошкиот регион со 15%, Југоисточниот со 12% и Југозападниот регион со 11%. Од Источниот и Пелагонискиот регион се по десет отсто од одобрените кредитни барања, додека од Вардарскиот и Североисточниот регион доаѓаат по 5% од одобрените кредитни барања.

Кредитните барања се обработуваат хронолошки, според времето на пристигнување, согласно Јавниот повик и информациите наведени во него. Одобрувањето на кредитните барања ќе се врши во групи, сè додека не се исцрпат расположливите средства од Фондот за микро и мали претпријатија.

Вкупно досега се одобрени 2.459 кредитни барања, во износ од 27,9 милиони евра

 

РБСМ, 15.03.2021 - Нова група од 337 кредитни барања е одобрена од третата бескаматна кредитна линија со грант компонента која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата.

Досега, од кредитната линија за која се предвидени средства од 31 милион евра, се одобрени 2.459 кредитни барања на вкупен износ од 27,9 милиони евра. Овие барања ги исполниле условите од јавниот повик објавен на 7-ми декември 2020 год.

Според структурата на одобрените кредитни барања, 1.307 кредитни барања се од мали компании, 945 барања се од микро компании, 157 кредитни барања се од трговци-поединци и 50 кредитни барања се од занаетчии.

Најголем дел од одобрените 2.459 кредитни барања, доаѓаат од Скопскиот регион, и тоа 31%, а по него следат Полошкиот регион со 15%, Југозападниот регион и Југоисточниот регион со по 12%. Од Источниот и Пелагонискиот регион се по десет отсто од одобрените кредитни барања, додека од Вардарскиот и Североисточниот регион доаѓаат по 5% од одобрените кредитни барања.

Кредитните барања се обработуваат хронолошки, според времето на пристигнување, согласно Јавниот повик и информациите наведени во него. Одобрувањето на кредитните барања ќе се врши во групи, сè додека не се исцрпат расположливите средства од Фондот за микро и мали претпријатија.

РБСМ, 06.03.2021 - Од бескаматната кредитна линија со грант компонента ,,Ковид 3”, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата, заклучно со 5-ти март се исплатени 23,5 милиони евра за 2.053 корисници кои ги исполниле условите од јавниот повик. Со други зборови, заклучно вчерашниот ден се исплатени 96,7% од корисниците на кои им се одобрени кредитните барања за оваа линија.

Досега, одобрени се вкупно 2.122 кредитни барања на вкупен износ од 24,3 милиони евра. Овие микро и мали трговски друштва, трговци-поединци и занаетчии имаат вкупно 16.009 вработени.

Според структурата, 1.172 кредитни барања се од мали компании, додека 792 барања се од микро компании. Вкупно 116 кредитни барања се од трговци-поединци, додека 42 кредитни барања се од занаетчии.

 

Најголем дел од одобрените 2.122 кредитни барања доаѓаат од Скопскиот регион, и тоа 31%, а по него следат Полошкиот регион со 14% и Југозападниот и Југоисточниот регион со по 12 отсто. Од Источниот и Пелагонискиот регион се по 10% од одобрените кредитни барања, додека од Вардарскиот и Североисточниот регион се 5% од одобрените кредитни барања.

Кредитните барања се обработуваат хронолошки, според времето на пристигнување, согласно Јавниот повик и информациите наведени во него. Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје продолжува со процесирањето на кредитните барања сè до утврдување на исцрпеност на расположливиот буџет на мерката кој изнесува 31 милиони евра.