Вести

Куманово, 09.07.2013 - Пред членките на Стопанската комора на Македонија од Регионалната комора со седиште во Куманово, беа презентирани новите кредитни линии на Македонската банка за поддршка на развојот, наменети за мали и средни претпријатија. Презентацијата ја изврши Александар Станојковски, директор на секторот за кредитирање во Банката.

 

Во својата презентација тој посебно се задржа на кредитната линија на Европската инвестициона банка, на кредитите за производство/преработка/извоз на земјоделски производи, на финансирањето на производството наменето за извоз, на стоковната кредитна линија од Република Италија (револвинг фонд), на кредитната линија за трајни обртни средства, на условите од земјоделскиот кредитен дисконтен фонд, на кредитната линија за финансирање на мали и средни претпријатија.

 

Исто така, во своето излагање, тој ги информира присутните и за факторингот и за услугите на Банката во делот на осигурувањето на извозните и домашните побарувања на претпријатијата.

29.04.2013 - Повлечена е петтата транша во износ од 11.553.890 евра со што ќе се поддржат 42 проекти. Од оваа транша, 75% се за поддршка преку инвестициски кредити со рок на отплата до 8 години, додека остатокот е за поддршка преку кредити за обртни средства со рок на отплата до 3 години. Со реализација на овие проекти се очекува да се отворат нови 187 работни места.
Проектите се реализираат преку: Халкбанка АД Скопје, УНИ банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје, ПроКредит банка АД Скопје, НЛБ Тутунска банка АД Скопје, Охридска банка АД Охрид, ТТК банка АД Скопје и Шпаркасе банка АД Скопје.
МБПР започнува со подготовки на нова транша која се очекува да се реализира во месец јуни.

Гостивар, 18.04.2013 - МБПР ги презентираше своите кредитни линии, услугите за осигурување на извозот и наплата на побарувањата на состанокот во Регионалната комора со седиште во Гостивар.

 

Презентациите ги извршија Александар Станојковски, директор на секторот за кредитирање и гаранции и Дарко Стефановски, директор на секторот за кредитно осигурување во МБПР. На презентацијата учествуваа претставници од над триесет фирми. Претставниците на фирмите позитивно се изјаснија за оваа презентација што беше организирана во соработка со Стопанската комора на Македонија и активно учествуваа со конкретни прашања за сите аспекти на услугите на Банката, а претставниците на Банката даваа образложенија и одговори на сите поставени прашања.

04.03.2013 - Повлечена е четвртата транша во износ од 17.544.675 ЕУР со што ќе се поддржат 59 проекти. Од оваа транша 75% се за поддршка преку инвестициски кредити со рок на отплата до 8 години, додека остатокот е за поддршка преку кредити за обртни средства со рок на отплата до 3 години. Со реализација на овие проекти се очекува да се отворат нови 358 работни места.
Проектите ќе се реализаираат преку Халкбанка АД Скопје, УНИ Банка АД Скопје, Стопанска банка АД Битола, ПроКредит Банка АД Скопје, НЛБ Тутунска банка АД Скопје, Охридска банка АД Охрид и Шпаркасе Банка АД Скопје.
Во месец април се очекува повлекување на петтата транша во износ од 11.553.890 ЕУР.         

07.07.2021, ЈАВЕН ПОВИК ЗА НОВА БЕСКАМАТНА КРЕДИТНА ЛИНИЈА „КОВИД 4“.                                                                                                                             01.07.2021, ЈАВЕН ПОВИК ЗА НОВА БЕСКАМАТНА КРЕДИТНА ЛИНИЈА ЗА ТРГОВСКИ РАДИОДИФУЗНИ ДРУШТВА.                                                                                              ИНСТРУКЦИИ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ ПО КРЕДИТНИТЕ ЛИНИИ: „КОВИД-1“, „КОВИД-2“ И „КОВИД-3“.