Вести

03.03.2015 - Повлечена е четвртата транша од кредитната линија од ЕИБ 4 - 100 милиони евра во износ од 11,5 милиони ЕУР. Со овие средства ќе се поддржат нови 36 проекти со пресметковна вредност од 17,2 милиони ЕУР. Од оваа транша, 75% се за поддршка на МСП преку инвестициски кредити со рок на отплата до 8 години, додека остатокот е за поддршка преку кредити за обртни средства со рок на отплата до 3 години. Со реализација на овие 63 проекти се очекува да се отворат нови 195 работни места.
Проектите се реализираат преку: НЛБ Тутунска банка АД Скопје, Прокредит банка АД Скопје, Охридска банка АД Скопје, Халк банка АД Скопје,  Стопанска банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и УНИ банка АД Скопје.
МБПР започнува со подготовки за повлекување на нова транша во износ од 10 милиони евра.

Презентација во општина Прилеп пред учесниците на настанот организиран од  Унгарската национална трговска комора во Македонија и Општина Прилеп

 

      

Прилеп, 25.02.2015 - Унгарската национална трговска комора во Македонија во соработка со општина Прилеп остварија бизнис средба на која беа презентирани можностите за соработка помеѓу македонските и унгарските компании. На презентацијата зедоа збор претставници на општина Прилеп, амбасадорот на Унгарија во РМ, претставници од Унгарската национална трговска комора и МБПР. Со свои посебни презентации и одговори на прашања учествуваше МБПР како и претставници на бизнис секторот при што беа презентирани можностите за кредитна поддршка, осигурување на побарувањата, факторинг како и бизнис можностите и поволностите за инвестирање.

04.-05.02.2015 - Претставници на МБПР и Европската инвестициона банка (ЕИБ) направија теренска посета на неколку компании од РМ кои имаат реализирано проекти со помош на кредитната линија од ЕИБ која е со фиксна каматна стапка од 5,5% годишно и која е наменета за поддршка на мали и средни компании како и за поддршка на приоритетни проекти. На заедничко задоволство е констатирано дека станува збор за реализирани проекти согласно доставените проекти како и тоа дека истите значајно придонесуваат за подобрување на економскиот амбиент во РМ преку зголемување на вработеноста, остварување на поголеми девизни приливи, воведување на иновативни и енергетски ефикасни технологии и сл.

 Намалување на надоместокот за обработка на апликација за кредитен лимит за странски купувач и намалување на надоместокот за обработка на апликација за кредитен лимит за домашен купувач


02.02.2015 - Со цел олеснување на користењето на кредитното осигурување, МБПР изврши намалување на надоместокот за обработка на апликација за кредитен лимит за странски купувач од 75 ЕУР на 65 ЕУР ( за доставени над 5 апликации во исто време, надоместокот изнесува 55 ЕУР).
Исто така намален е и надоместокот за обработка на апликација за кредитен лимит за домашен купувач од 2.400 МКД на 2.100 МКД (за доставени над 5 апликации во исто време, надоместокот изнесува 1.800  МКД).