Вести

Штип, 12.05.2015 - Во рамките на проектот „Формирање на бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“ се одржа Трет Информативен настан за мали и средни претпријатија во Големата сала на Општина Штип во организација на тимот на Knowledge Center. Целта на настанот беше зголемување на конкурентноста на планските региони преку поддршка на малите и средни претпријатија во РМ. На настанот присуствуваа претставници од мали и средни претпријатија, здруженија на граѓани и фондации, невработени лица, занаетчии, трговци, членови на кластери и бизнис мрежи.

 

Кон реализацијата на овој проект и поддршката на МСП, свој придонес даде и Александар Станојковски, директор на секторот за  кредитирање и гаранции и претставник на Македонска банка за поддршка на развојот АД Скопје преку презентација на програмата и производите на Банката.

  

 Текстот за настанот е преземен и прилагоден од порталот на Knowledge Center.

Скопје, 27.03.2015 - Претставници од МБПР одржаа презентација пред членките на „Здружението на жени менаџери ЕЛИТ“ од Скопје со цел да се запознаат со производите и услугите на МБПР како и со цел да се поттикне и помогне женското претприемништво во Р. Македонија како значаен фактор за македонската економија.

         

 

 

Скопје, 05.03.2015 - Во просториите на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), се одржа седница на Управен Одбор на Агро-бизнис комората при ССК, предводена од претседателот, Огнен Оровчанец.
Членовите на УО на Агро-бизнис комората имаа можност да ја проследат презентација на кредитни производи на Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР), од страна на Александар Станојковски - директор на секторот за кредитирање и гаранции при МБПР и практично да се запознаат со условите за кредирање.