Вести

Од денес започна аплицирањето за бескаматната кредитна линија за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза

Скопје, 11.05.2022


Од денес, 11 мај, од 09:00 часот започна аплицирањето за бескаматниот кредит за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза. Јавниот повик за оваа кредитна линија беше објавен на 5 мај 2022 година.

Кредитната линија е наменета за микро, мали и средни претпријатија, трговци поединци и занаетчии кои плаќаат данок на реален приход и се регистрирани во Република Северна Македонија. Компаниите треба да бидат во приватна сопственост и на листата на прифатливи класи на дејности за кредитирање, објавена во јавниот повик.

Минималниот износ на кредит е 185.000 денари, додека максималниот износ на кредит е 3.000.000 денари. Кредитот ќе има рок на отплата од 12 и од 18 месеци со вклучен грејс период од 6 месеци и во двата случаи.

За корисниците на оваа кредитна линија предвидена е грант компонента од 10 проценти за субјектите кои ќе користат рок на отплата од 18 месеци, односно 20 проценти за субјектите кои ќе користат рок на отплата од 12 месеци.

Поднесувањето на кредитните барања ќе се одвива по електронски пат на е-маил адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., почнувајќи од денес, 11.05.2022 година од 09:00 часот до 26.05.2022 година до 09:00 часот.

Кредитните барања ќе се обработуваат хронолошки како што се пристигнати на е-маил за квалификуван кредитокорисник кој ги исполнува критериумите за одобрување на кредит по принципот ,,ПРВ ДОЈДЕН, ПРВ УСЛУЖЕН”.

Повлечена петтата транша од заемот на ЕИБ во износ од 22,8 милиони евра за домашните компании.                                                               НОВА БЕСКАМАТНА КРЕДИТНА ЛИНИЈА ЗА ОБРТНИ СРЕДСТВА ЗА ЗГОЛЕМЕНИ ЦЕНИ НА ЕНЕРГЕНСИ ПРЕКУ БАНКИТЕ УЧЕСНИЧКИ (ОБРТНИ СРЕДСТВА-ЕНЕРГЕНСИ-БУ)                                                               УШТЕ ЕДНА НОВА КРЕДИТНА ЛИНИЈА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА ПРЕКУ БАНКИТЕ УЧЕСНИЧКИ (ЕЕ и ОИЕ)                                                               ИНДИВИДУАЛНИ ГАРАНЦИИ од Гарантен фонд до 50% од износот на кредитот и без надомест за компаниите до 31.12.2022 година.                                ПОРТФОЛИО ГАРАНЦИИ.                                ИНСТРУКЦИИ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ ПО КРЕДИТНИТЕ ЛИНИИ: „КОВИД-1“, „КОВИД-2“ И „КОВИД-3“.