Вести

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ - Од утре започнува аплицирањето за бескаматен кредит за трговски радиодифузни друштва


Скопје, 07.07.2021 година 

Од утре, 8 јули, од 09:00 часот започнува аплицирањето за бескаматен кредит од кредитната линија за трговски радиодифузни друштва. Јавениот повик за оваа кредитна линија беше објавен на 1 јули 2021 година, а ќе трае 30 дена.

Трговските радиодифузни друштва ќе може да користат бескаматен кредит со грејс- период до 12 месеци и рок на отплата до 48 месеци, за тековни средства и ликвидност.

Максималниот износ на кредитот за субјектите со шифра на дејност 60.20 е утврден во зависност од типот на медиуми согласно регистарот на АВМУ, и изнесува 7.380.000 денари за национални медиуми, 1.230.000 денари за регионални медиуми и 615.000 денари за локални медиуми. Максималниот износ на кредитот за субјектите со шифра на дејност 60.10 изнесува 615.000 денари.

Потенцијалните корисници на кредит од оваа кредитна линија, треба да имаат главница и резерви не помалку од 50% од износот на бараниот кредит, како и степен на финансиска задолженост помал од четири. Прнципот за одлучување за распределба на расположливиот фонд средства ќе биде ,,прв дојден, прв услужен”.