Вести

Одобрени уште 3,6 милиони евра кредитни барања од Ковид 3 бескаматната кредитна линија

Вкупно досега се одобрени 2.459 кредитни барања, во износ од 27,9 милиони евра

 

РБСМ, 15.03.2021 - Нова група од 337 кредитни барања е одобрена од третата бескаматна кредитна линија со грант компонента која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата.

Досега, од кредитната линија за која се предвидени средства од 31 милион евра, се одобрени 2.459 кредитни барања на вкупен износ од 27,9 милиони евра. Овие барања ги исполниле условите од јавниот повик објавен на 7-ми декември 2020 год.

Според структурата на одобрените кредитни барања, 1.307 кредитни барања се од мали компании, 945 барања се од микро компании, 157 кредитни барања се од трговци-поединци и 50 кредитни барања се од занаетчии.

Најголем дел од одобрените 2.459 кредитни барања, доаѓаат од Скопскиот регион, и тоа 31%, а по него следат Полошкиот регион со 15%, Југозападниот регион и Југоисточниот регион со по 12%. Од Источниот и Пелагонискиот регион се по десет отсто од одобрените кредитни барања, додека од Вардарскиот и Североисточниот регион доаѓаат по 5% од одобрените кредитни барања.

Кредитните барања се обработуваат хронолошки, според времето на пристигнување, согласно Јавниот повик и информациите наведени во него. Одобрувањето на кредитните барања ќе се врши во групи, сè додека не се исцрпат расположливите средства од Фондот за микро и мали претпријатија.

07.07.2021, ЈАВЕН ПОВИК ЗА НОВА БЕСКАМАТНА КРЕДИТНА ЛИНИЈА „КОВИД 4“.                                                                                                                             01.07.2021, ЈАВЕН ПОВИК ЗА НОВА БЕСКАМАТНА КРЕДИТНА ЛИНИЈА ЗА ТРГОВСКИ РАДИОДИФУЗНИ ДРУШТВА.                                                                                              ИНСТРУКЦИИ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ ПО КРЕДИТНИТЕ ЛИНИИ: „КОВИД-1“, „КОВИД-2“ И „КОВИД-3“.