Вести

Соопштение за информирање на јавноста во врска со текот на реализацијата на аплицирање за Ковид 3

РБСМ, 17.12.2020


Во врска со реализацијата на процесот на доставување на кредитни барања за Ковид 3 бескаматната кредитна линија, Ве известуваме дека протокот на сообраќај е на оптимално ниво. 

Поради големината на сообраќајот во првите 24 часа, којашто беше осумпати поголема од сообраќајот за Ковид 2, протокот на е-маил пораките испратени кон Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. беше намален. Намалениот проток влијаеше на тоа да биде потребен подолг временски период да се обработат пристигнатите е-маил пораки и автоматските одговори кон апликантите се реализираа со одредено задоцнување.

Со извршена оптимизација на сообраќајот е значително намален периодот на обработка од испраќање на апликација кон Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. до добивање на автоматска повратна порака.

Сите коишто направиле обид да испратат апликација кон банката, а притоа не добиле автоматска повратна порака, може да ги направат минималните проверки за точноста на е-маил адресата, големината на прилозите, како и дали е-маил пораката е испратена согласно со Упатството за аплицирање.

Пристигнувањето на кредитни апликации во Развојна банка продолжува да се одвива се до 30 декември 2020 година до 23:59 часот, а обработката на кредитните барања ќе започне по завршување на овој период.