Вести

Средба на членките на МБА со министерот за финансии

Скопје, 02.10.2020 - Во текот на вчерашниот ден, главниот оперативен директор на Развојна банка на Северна Македонија, Фарук Исмаили, учествуваше на средбата со министерот за финансии, д-р Фатмир Бесими, и членките на Македонската банкарска асоцијација. 

                    

Во официјалниот дел на средбата се обратија министерот за финансии и претседателката на МБА. Министерот истакна дека банкарскиот сектор и финансиската стабилност на истиот е од исклучителна важност за развојот на економијата преку поддршка на домаќинствата и корпоративниот сектор, за полесен пристап за кредитирање, депозити и други финансиски услуги. Претседателката во своето обраќање се осврна на реализираните и тековните активности на асоцијацијата од почетокот на ковид кризата до денес.

Во работниот дел, меѓу другото се дискутираше и за предвидените мерки во четвртиот сет на Владата на Република Северна Македонија. Развојна банка на Северна Македонија, во рамки на четвртиот сет мерки, ќе реализира шеста фаза од кредитната линија ЕИБ за поддршка на мали и средни компании во вкупен износ од 100 милиони евра. Кредитната линија, како и досега, ќе се реализира преку комерцијалните банки кои ќе склучат договор со Развојната банка.