Вести

Соопштение за медиуми - ЕИБ 5 кредитна линија

РБСМ, 31.07.2020 - Денес, Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје ја повлече првата половина од 50,9 милиони евра за евтините кредити за домашните компании.

Петтата транша од кредитната линија ЕИБ фаза 5, која ја користи Развојна банка, е во износ од 25,6 милиони евра, а е одобрена за 105 различни проекти на домашни компании. Пласманот на средствата од оваа транша се одвива преку 6 комерцијални банки со кои Развојна банка има склучено договор за оваа кредитна линија.
Овие 105 проекти треба да поддржат вработување на 145 лица.

Најголем дел од овие средства, 40% или 10,2 милиони евра се одобрени за проекти во секторот производство. Дваесет и два отсто од средствата или 5,7 милиони евра се одобрени за секторот трговија, додека 16% или 4 милиони евра се одобрени за проекти во секторот угостителство. За секторот транспорт се одобрени средства во износ од 2,1 милиони евра или 8%, додека за секторот здравство и секторот услуги се одобрени средства од 0,6 милиони евра. За други сектори се одобрени вкупно 2,3 милиони евра или 9%.

Во текот на месец август ќе бидат повлечени од ЕИБ и остатокот од расположливите средства во износ од околу 25,3 милиони евра, во една или повеќе транши.

Досега, од кредитната линија ЕИБ фаза 5 која изнесува 100 милиони евра се повлечени пет транши во вкупен износ од 74,7 милиони евра со кои се поддржани 251 проекти на домашни компании со кои се вработуваат 629 лица.