РБСМ ги нуди следните финансиски производи:
1. КРЕДИТИРАЊЕ
- кредит за поддршка на извозот - обртни средства за подготовка на производство наменето за извоз и обртни средства за премостување на периодот од направениот извоз до наплатата на средствата од странскиот купувач;
- кредит за мали и средни претпријатија - трајни обртни средства и инвестиции од различни извори: ИКЛ-револвинг, РБСМ, ЕИБ, ЕИБ-револвинг;
- кредит за поддршка на земјоделството и агроиндустријата - примарно производство, преработка и извоз - преку комерцијалните банки или директно преку РБСМ;
- кредит за микро компании - микро и мали трговски друштва, индивидуални претприемачи, занаетчиски дуќани, приватни трговци, тезги на пазар и други микро и мали стопански субјекти;
- кредит за енергетика - енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија;
- кредит за намалување на невработеноста - создавање и одржување на работни места и самовработување со кредитирање;
- кредит со гарантна шема - микро, мали и средни трговски друштва кои немаат доволно обезбедување при аплицирање кај деловните банки;
- кредит за сместувачки капацитети - инвестиции за микро, мали и средни претпријатија со седиште во РСМ за купување, изградба и адаптација на мали сместувачки капацитети до 70 легла со стандард не поголем од три ѕвезди;
- кредит за старечки домови и градинки - микро, мали и средни претпријатија со седиште во РСМ за изградба и опремување на установи за стари лица и детски градинки;
- кредит за општините во РСМ - за реализација на проекти од ИПА компонента за прекугранична соработка;
- бескаматни кредити за намалување на влијанието на COVID-19 во економијата - микро, мали и средни трговски друштва.
2. КРЕДИТНО ОСИГУРУВАЊЕ на:
- домашни побарувања (пред и по испорака) и
- извозни побарувања (пред и по испорака)
од комерцијални и политички ризици.
3. ФАКТОРИНГ - е најнов производ кој е единствен на финансискиот пазар во РСМ. Претставува услуга која овозможува продажба на производи и услуги на одложено плаќање, при што дел од средствата наведени во фактурата се добиваат веднаш.