За МБПР

Општествена одговорност

Развојна банка на Северна Македонија има развиено кооперативна одговорност, што значи дека има воспоставено баланс помеѓу вршењето на деловните активности и одговорноста кон општеството и животната средина. Ова РБСМ го постигнува преку транспарентно и етичко однесување кое придонесува кон одржлив развој и ги зема предвид очекувањата на сите засегнати страни. При осигурување на одредена трансакција РБСМ верува дека истата е во согласност со Националната агенда за општествена одговорност на претпријатијата во Северна Македонија усвоена од Владата на РСМ; при  изработка на програмите за финансирање и посебните услови за кредитирање, РБСМ води сметка за рамномерен и одржлив општествен развој како и за животната средина.

Обврската кон општеството е еден од највисоките приоритети  во системот на вредности на РБСМ и претставува составен дел од нејзината деловна политика.
РБСМ ја гради и одржува сопствената репутација на развојна и извозна банка која покрај поттикнувањето на економскиот развој, спроведувањето на директивите на Владата на РСМ, почитувањето на законите, прописите и професионалните стандарди, се грижи за поттикнување и поддршка на позитивните општествени вредности, културата, меѓусебното почитување и толеранција, деловна етика и хуманизам.

„Ние имаме јасна визија за сопствената улога и влијанието кое како финансиска институција го имаме врз нашите корисници, партнери и пошироката заедница, како и очекувањата кои од РБСМ ги имаат нашите вработени. Свесни сме дека оваа наша определба и одговорно работење се клуч за нашиот понатамошен развој.“

Повлечена петтата транша од заемот на ЕИБ во износ од 22,8 милиони евра за домашните компании.                                                               НОВА БЕСКАМАТНА КРЕДИТНА ЛИНИЈА ЗА ОБРТНИ СРЕДСТВА ЗА ЗГОЛЕМЕНИ ЦЕНИ НА ЕНЕРГЕНСИ ПРЕКУ БАНКИТЕ УЧЕСНИЧКИ (ОБРТНИ СРЕДСТВА-ЕНЕРГЕНСИ-БУ)                                                               УШТЕ ЕДНА НОВА КРЕДИТНА ЛИНИЈА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА ПРЕКУ БАНКИТЕ УЧЕСНИЧКИ (ЕЕ и ОИЕ)                                                               ИНДИВИДУАЛНИ ГАРАНЦИИ од Гарантен фонд до 50% од износот на кредитот и без надомест за компаниите до 31.12.2022 година.                                ПОРТФОЛИО ГАРАНЦИИ.                                ИНСТРУКЦИИ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ ПО КРЕДИТНИТЕ ЛИНИИ: „КОВИД-1“, „КОВИД-2“ И „КОВИД-3“.