Цел на кредитната линија: Финансиска поддршка и поддршка на ликвидноста на трговските радиодифузни друштва од областа на емитувањето на радио и телевизиски програми со цел да се помогне во справувањето со појавата, ширењето и последиците од пандемијата со COVID-19.
Извори на средства: Кредитната линија за поддршка на трговски радиодифузни друштва ќе се реализира со средства од Посебен кредитен фонд – ПКФ во износ од 61.000.000,00 денари.
Услови на кредитната линија:
Рок на отплата: | до 4 години |
Вклучен грејс-период: | до 12 месеци |
Начин на отплата: | квартална |
Намена: | за тековни средства и ликвидност |
Каматна стапка: | 0% |
Валута: | денари |
Административен трошок |
0 ден. |
Износи на кредитот: | - максимум: а) Субјекти со приоритетна шифра на дејност 60.20: - Национални медиуми, до 7.380.000 денари - Регионални медиуми, до 1.230.000 денари - Локални медиуми до 615.000 денари б) Субјекти со приоритетна шифра на дејност 60.10: - Национални, регионални и локални радио медиуми до 615.000 денари |
Начин на пласирање: | одобрениот кредит се исплаќа директно на кредитокорисникот, согласно инструкциите во Кредитното барање. |
Квалификувани кредитобаратели и критериуми за одобрување: |
Трговски радиодифузни друштва (со приоритетна дејност согласно тековната состојба) и тоа: 60.10 – Емитување на радиопрограма и 60.20 – Дејности на телевизиската програма и емитување кои:
* За субјектите со приоритетна шифра на дејност 60.20, поделбата на национален, регионален |
Обезбедување на кредитите: |
меница од кредитокорисникот авалирана од еден од сопствениците на |
Критериуми за одлучување за распределба на средствата: | |
- | Квалификуван кредитокорисник кој ги исполнува критериумите за одобрување на кредит по принципот ,,ПРВ ДОЈДЕН, ПРВ УСЛУЖЕН”. |
- | Кредитните барања се обработуваат хронолошки како што се пристигнати на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. |
Задолжителни документи:
- Кредитно барање (формулар објавен на веб страницата на банката без кој другите доставени документи нема да се процесираат),
- Апликација за регистрација на клиент-правно лице (образец објавен на веб страницата на банката),
- Изјава за поврзаност со други правни/физички лица (образец објавен на веб страницата на банката),
- Изјава за постоење својство на носител на јавна функција (образец објавен на веб страницата на банката),
- Изјава за проверка на кредитна изложеност (образец објавен на веб страницата на банката),
- ЗП образец (образец за заверен потпис),
- Уверение за платени даноци и придонеси од УЈП заклучно со 31.03.2021 година.
Документација која кредитобарателот треба да ја достави или која доколку не биде доставена од кредитобарателот банката ќе ја обезбеди по службена должност:
8. Тековна состојба не постара од 6 месеци (од Централен регистар на РСМ),
9. Тековна состојба за вистински сопственик (од Централен регистар на РСМ),
10. Годишна завршна сметка (со 31.12.2020 г. и со 31.12.2019 г.) (од Централен регистар на РСМ),
11. Потврда за стечај и Потврда за ликвидација - Доказ дека не е отворена стечајна, односно ликвидациона постапка - (од Централен регистар на РСМ).
Начин на реализација на кредитната линија
За кредитната линија е објавен Јавен повик бр. 1 на 01.07.2021 година.
Кредитните барања за јавниот повик се доставуваат 30 дена, со почеток од 08 јули 2021 година од 09:00 часот и завршува на 06 август 2021 година во 23:59 часот.
Обработката на пристигнатите кредитни барања ќе отпочне по затварање на јавниот повик.
Документите кои се доставуваат на јавниот повик се неповратни.
Неадекватните кредитни барања на неквалификувани кредитокорисници нема да се разгледуваат.
Некомплетните барања за кредит нема да се разгледуваат сè додека не се дополнат.
Пристигнатите документи без Кредитно барање (образец на веб страната на банката) нема да се обработуваат сè додека не се поднесе Кредитното барање.
Банката не сноси никакви трошоци настанати со подготовка, составување и доставување на барањата за кредит, така што учесникот на јавниот повик нема право на надомест на било какви трошоци по основ на учество на овој јавен повик.
Банката ќе ги извести барателите на кредит на коишто им е одобрен кредит врз основа на доставено Кредитно барање, на електронската адреса наведена во Тековната состојба на субјектот.
Банката ќе ги известува кредитобарателите чии кредитни барања се одбиени, со причина за одбивање, на електронската адреса наведена во Тековната состојба на субјектот.
Банката нема да ги известува индивидуално кредитобарателите чии кредитни барања се пристигнати по исцрпување на средствата.
За исцрпување на средствата по објавениот Јавен повик, Банката ќе објави на својата веб страница.