За кредитирање на проекти од областа на изградба и опремување на установи за стари лица и детски градинки, на располагање стојат следните кредитни линии на РБСМ:
- ЕИБ кредитна линија, која е со фиксна годишна каматна стапка од 5,5% и рок на отплата до 8 години;
- ИКЛ револвинг кредитна линија, која е исто така со фиксна каматна стапка од 6% годишно, но е со рок на отплата до 6 години;
- ПКФ со гарантна шема, која е посебно значајна за оние компании каде недостасува доволно обезбедување при одобрувањето на кредитот;
- РБСМ кредитна линија, која овозможува до 50% од износот на кредитот да се користи и за обртни средства.