Производи

Кредити за општините

Кредити за финансирање на општините во РСМ за реализација на проекти од ИПА компонентата

Корисници
Општини од Република Северна Македонија кои имаат потпишано договор за имплементација на проекти од ИПА компонентата за прекугранична соработка.

Намена
Финансирање на градежни работи од мал обем и реконструкции, реновирање и воспоставување на комуникациски мрежи, купување на ИТ опрема, набавка на специјализирана опрема и останати намени согласно водичот за аплицирање од ИПА програмата за прекугранична соработка.

Општи услови и критериуми

 

Износ на кредит:

Максимален износ:
до 300.000 ЕУР (во денарска противвредност)

Минимален износ:
10.000 ЕУР (во денарска противвредност)

Каматна стапка: 5,75% годишно
Провизии: нема
Рок на отплата: до 2 години со вклучен грејс период од максимум 6 месеци
Начин на отплата: квартално

 

 Квалификувани општини:

  1. Општини кои имаат согласност за задолжување;
  2. Општини кои имаат потпишано договор за имплементација
    на конкретен проект од ИПА компонентата;
  3. Општини кои имаат одлука од Советот на општината за
    конкретното задолжување;
  4. Општини кои поднеле барање за реализација на проекти
    кои не се во спротивност со прописите за екологија;
  5. Општини чиј максимален износ на проектот изнесува
    до 500.000 ЕУР.

Обезбедување од општината:
  1. Меница со извршна клаузула
  2. Останати инструменти

Општа процедура за одобрување на кредити

  1. Општината доставува до РБСМ пополнет формулар објавен на интернет страната на РБСМ: Кредитно барање за финансирање на општини за реализација на проекти од ИПА компонентата заедно со пропратната документација и обрасци наведени како прилог на барањето,
  2. РБСМ го анализира кредитното барање од формален и суштински аспект и донесува одлука,
  3. За одобрените кредити се склучува договор и се исплатуваат кредитните средства.

Минимум потребна документација

  1. Пополнето „Кредитно барање за финансирање на општини за реализација на проекти од ИПА компонентата“,
  2. Согласност за задолжување од Министерство за финансии на РСМ,
  3. Тековна состојба од Централен регистер,
  4. Апликација за регистрирање на клиент-правно лице,
  5. Договор за имплементација на проект од ИПА компонентата за прекугранична соработка,
  6. Одлука од Советот на општината за конкретното задолжување и за давање на меница со извршна клаузула како обезбедување,
  7. Изјава и/или доказ за процентот на плаќање од кредитот за производи и услуги од субјекти во РСМ,
  8. Изјава дека проектот не е во спротивност со прописите за екологија,
  9. Финансиски извештаи/буџет за последните три години,
  10. Изјава за поврзаност со други правни/физички лица,
  11. Изјава за носител на јавна функција.

Формулари

  1. Кредитно барање за финансирање на општини за реализација на проекти од ИПА компонентата
  2. Апликација за регистрирање на клиент-правно лице
  3. Изјава за поврзаност со други правни/физички лица
  4. Изјава за носител на јавна функција
ЈАВЕН ПОВИК БР. 1 ЗА ПОДДРШКА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО НА COVID-19 ВО ЕКОНОМИЈАТА                                                               ИНФО ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД-19 ВО ЕКОНОМИЈАТА (КОВИД2 И ЕИБ)                                                               ЈАВЕН ПОВИК БР. 1 ЗА ПОДДРШКА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО НА COVID-19 ВО ЕКОНОМИЈАТА                                                               ИНФО ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД-19 ВО ЕКОНОМИЈАТА (КОВИД2 И ЕИБ)                                                               ЈАВЕН ПОВИК БР. 1 ЗА ПОДДРШКА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО НА COVID-19 ВО ЕКОНОМИЈАТА                                                               ИНФО ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД-19 ВО ЕКОНОМИЈАТА (КОВИД2 И ЕИБ)                                                               ЈАВЕН ПОВИК БР. 1 ЗА ПОДДРШКА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО НА COVID-19 ВО ЕКОНОМИЈАТА                                                               ИНФО ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД-19 ВО ЕКОНОМИЈАТА (КОВИД2 И ЕИБ)