Производи

Бескаматна кредитна линија за микро и мали претпријатија со можност за грант компонента - Ковид3

 Кредината линија Ковид3 ќе се реализира од Фондот за микро и мали претпријатија формиран со средства преку активноста ЕУзаОтпорност на ИПА програмата на Европската Унија, средства кои се ставени на располагање во износ до 30 милиони евра во денарска противвредност и буџетски придонес во износ од 60 милиони денари.

                                                                                                                          
      Финансирано од Европска Унија                                                                                                                                   Развојна банка на Северна Македонија


 

Цел на кредитната линија: Поддршка на микро и мали претпријатија, трговци поединци и занаетчии, за обезбедување лесен пристап до финансии, со цел непречено финансирање на тековните активности и сервисирање на потребата од обезбедување обртен и основен капитал. 

Извори на средства: 1 милион евра буџетска поддршка и до 30 милиони евра средства од Европската Унија преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата.



                                               Услови на кредитната линија:

Рок на отплата:   до 3 години
Вклучен грејс-период:   до 6 месеци
Начин на отплата:   квартална, на 31.03., 30.06., 30.09. и 31.12. во годината
Намена:   за основни и обртни средства
Каматна стапка:   0%
Валута:   денари 

Административен трошок
за кредитокорисници кој

го наплаќа РБСМ:

  0 ден.
Износи на кредитот:   - минимум: 184.500 денари
  - максимум:
     а) 307.500 денари за ТП и занаетчии,
     б) 922.500 денари за трговски друштва (ДООЕЛ, ДОО и др.)
 Начин на пласирање:   одобрениот кредит се исплаќа директно на кредитокорисникот, 
  согласно инструкциите во Кредитното барање.
Квалификувани
кредитокорисници:
  - микро и мали трговски друштва (ДООЕЛ, ДОО и др.),
  - трговец поединец - ТП,
  - занаетчии (кои плаќаат давачки на реален приход),
  кои се:
 
- регистрирани во РСМ согласно позитивните прописи;
  - во приватна сопственост на правни и физички лица од
    најмалку 51%;
  - погодени од Covid-19;
  - од сите дејности.
Обезбедување на кредитите:

  меница од кредитокорисникот авалирана од еден од
  сопствениците на кредитокорисникот, со менична изјава за
  уредување на правата и обврските по меницата во форма на
  нотарски акт со извршна клаузула.
  - Трошоците за воспоставување на обезбедувањето се на
   товар 
на кредитокорисникот.

 

   


                                                Услови за одобрување на кредит:

1.     Квалификуван кредитокорисник, регистриран во Република Северна Македонија, најмалку 51% во приватна
   сопственост;
2.     Да нема неплатени јавни давачки и придонеси, освен ако не му е одобрено одложено плаќање на даноците и
    придонесите во согласност со посебните прописи од областа на даноците и истите редовно ги плаќа најмалку
    заклучно со 31.01.2020 год. или подоцна;
3.     Да не е во постапка на стечај или ликвидација;
4.     Да работи подолго од шест месеци и да има поднесено годишна сметка во Централен регистар на РСМ;
5.     Согласно финансиските извештаи за последната фискална година, да има главнина и резерви (наведен во
    билансот на состојба) не помалку од 33% од износот на бараниот кредит; 

    Овој критериум не се применува на ТП и на занаетчии.
6.     Согласно податоците од кредитен регистар на Народна Банка на РСМ со состојба на 31.01.2020 год., е во
    класификација подобра или еднаква на Б (се врши пресметка на просечна ризичност) или кое нема обврски кон
    банките;
7.     Претпријатие во ризична класификација В (се врши пресметка на просечна ризичност) - редовен статус со
    пресметана исправка на вредност/посебна резерва во однос на вкупна изложеност на банките кон одреден
    клиент помала или еднаква на 29,9% со состојба на 31.01.2020 год., само ако показателот за степенот на
    финансиска задолженост е помал од 5,0, а истиот се пресметува како сооднос меѓу вкупни обврски по заеми и
    кредити /главнина и резерви од билансот на состојба;
    Исклучок е доколку вкупната кредитна изложеност на банките кон одреден клиент е помала од 10.000 денари;
    Овој критериум не се применува на ТП и на занаетчии.
8.     Бележи пад на приходите од најмалку 20% во било кој од месеците од април до август 2020 година (април, мај,
    јуни, јули или август), споредено со истиот месец претходната година (2019);
    или
    бележи пад на приходите од најмалку 20% во било кој од месеците од април до август 2020 година (април, мај,
    јуни, јули или август), споредено со просечните реализирани месечни приходи во 2019 година (вкупни приходи
    во 2019/12 месеци).
    За ова кредитобарателот дава Изјава под морална и кривична одговорност.

 

     Критериуми за одлучување за распределба на средствата: 
   Квалификуван кредитокорисник кој ги исполнува критериумите за одобрување на кредит по принципот
   ,,ПРВ ДОЈДЕН, ПРВ УСЛУЖЕН”.
   Кредитните барања се обработуваат хронолошки како што се пристигнати на
   е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

 

                                                                      ГРАНТ КОМПОНЕНТА 

                                                  Услови за аплицирање за грант: 

    Сите компании на кои ќе им биде одобрено користење на бескаматен кредит од Ковид3, се стекнуваат со
  право да поднесат барање за користење на грант компонента (отпуштање на долг во вкупен износ од 30%
  од износот на  кредитот), доколку:
  Подмирил најмалку 50% од обврските по основ на кредитот и
-   Нема регистрирано доцнење при сервисирање на обврските по основ на овој кредит подолго од 30 дена.

 

 
                    Основи по кои може да се побара грант компонента: 

 1. Категорија:  - да имаат жена/жени во сопственичка структура најмалку 50% 
   или
 - да се раководени од жена (жена-управител);
 2. Категорија:  - да имаат млади до 29 години во сопственичка структура најмалку 50% 
   или
 - да се раководени од млади под 29 години (млад-управител);
 3. Категорија:   е кредитокорисник-извозник со учество на приходот од странство со повеќе од 50%
 во финансиските извештаи за последната фискална година.
 4. Категорија:

 е кредитокорисник за реализација на проекти:
    - за зелена економија;
    - за модернизација и дигитализација на деловните процеси преку набавка на 
      опрема и/или воведување нов начин на продажба (е–продажба);
    - воведување на нови производи и нови услуги.


За користење на грант-компонентата, кредитокорисникот треба да поднесе барање за отпуштање на долг до РБСМ.

 

 Исполнетост на критериумите за користење на грант компонентата ќе се оценува во моментот
                          на поднесување на барањето за одобрување грант компонента 
                                             (отпуштање долг) на следниот начин:

 1. Категорија   при поднесување на кредитно барање според Тековна состојба на
  претпријатието;

  и
  при поднесување на барање за одобрување на грант компонента,
  видно од Тековна состојба на субјектот.
 2. Категорија   при поднесување на кредитно барање според Тековна состојба на
  претпријатието;

  и
  при поднесување на барање за одобрување на грант компонента, нема
  промени во сопственичката и/или структурата на управување,

  видно од Тековна состојба на субјектот.
 3. Категорија   при поднесување на кредитно барање,
  видно од годишна сметка и аналитичка картица на сметка 121 побарувања од
  купувачи во странство;

  или
  при поднесување на барање за одобрување на грант компонента,
  видно од годишна сметка и аналитичка картица на сметка 121 побарувања од
  купувачи од странство.
 4. Категорија   при поднесување на барање за одобрување на грант компонента, доставува
  доказ за реализација на проектите/активностите поврзани со:

  - зелена економија;
  - модернизација и дигитализација на деловните процеси преку набавка на
    опрема и/или воведување нов начин на продажба (е–продажба);

  - воведување на нови производи и нови услуги.

 

Задолжителни документи:

  1. Кредитно барање (образец објавен на веб страницата на банката),
  2. Апликација за регистрација на клиент (образец објавен на веб страницата на банката),
  3. Уверение од УЈП - Доказ за немање на достасани неплатени даноци и придонеси кон државата, најмалку со датум 31.01.2020 година или подоцна.
    Барањето за издавање на Уверение за платени даноци и придонеси се поднесува електронски преку системот е-даноци: https://etax-fl.ujp.gov.mk/,
  4. ЗП образец (заверен потпис),
  5. Изјава за поврзаност со други правни/физички лица, (образец објавен на веб страницата на банката)
  6. Изјава за постоење својство на носител на јавна функција (образец објавен на веб страницата на банката),
  7. Изјава за проверка на кредитна изложеност (образец објавен на веб страницата на банката),
  8. Aналитичка картица на сметка 121 побарувања од купувачи во странство (само за оние кредитобаратели кои ќе означат дека ќе поднесат барање за отпуштање на долг за категорија, се набавува од сметководството на барателот).

Документација која кредитобарателот треба да ја достави или која доколку не биде доставена од кредитобарателот банката ќе ја обезбеди по службена должност:

  1. Тековна состојба не постара од 6 месеци,
  2. Годишна завршна сметка (со 31.12.2019),
  3. Потврда за стечај и Потврда за ликвидација - Доказ дека не е отворена стечајна, односно ликвидациона постапка (од Централен регистар на РСМ).

 

Формулари за грант

  1. Барање за грант за Ковид-3

 

 

 

* Активноста е финансирана од Европска Унија. Содржината на текстот е одговорност единствено на РБСМ и не ги одразува неопходно погледите на Европската Унија.