Производи

Бескаматна кредитна линија за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза

Цел на кредитната линија
Средствата од кредитот се одобруваат за директна поддршка на микро, мали и средни трговски друштва, трговци поединци и занаетчии.

Намена на кредитната линија
За обртни средства за поддршка на компаниите погодени од енергетската и економската криза.

Извори на средствата
Наплатени средства од кредитните линии „Ковид 1“ и „Ковид 3“ во износ од 310.000.000 денари.

Квалификувани кредитобаратели:
Како потенцијални корисници можат да се јават микро, мали и средни трговски друштва (согласно тековната состојба), ТП и занаетчии (кои плаќаат давачки на реален приход) активни во класа на дејности од Листа на прифатливи класи на дејности за финансирање (дејноста се утврдува согласно приоритетната дејност наведена во Тековната состојба) и кои се регистрирани во Република Северна Македонија.

Услови на кредитната линија

Износ на поединечен кредит
наменет за крајните корисници:

 Минимум: 185.000 денари
 Максимум: 3.000.000 денари

Рок на отплата и
грејс период:

• рок на отплата од 12 месеци со вклучен грејс период од 6 месеци и
• рок на отплата од 18 месеци со вклучен грејс период од 6 месеци.

Валута:

 денари

Каматна стапка
за крајниот корисник:

 0%

Провизија за управување:

 РБСМ нема да наплаќа провизија за обработка на кредитните барања.

Начин на отплата:

 Квартална отплата

Начин на пласирање
на кредитот:

 Одобрениот кредит се исплаќа директно на кредитокорисникот
 согласно инструкциите наведени во Барањето за кредит.

Обезбедување:

 Меница авалирана од еден од сопствениците на кредитокорисникот, со
 менична изјава за уредување на правата и обврските по меницата во 
 форма на нотарски акт со извршна клаузула.
 Напомена: Трошоците за воспоставување на обезбедувањето се на
 товар на кредитокорисникот.

Грант компонента:

 За секој кредитокорисник предвидена е грант компонента која се
 состои во отпуштање на дел од долг по основ на главница под услов да
 нема доцнење при сервисирање на кредитот повеќе од 60 дена и за
 износи поголеми од 10.000 денари и тоа:

• за кредитите со рок на отплата од 12 месеци со вклучен грејс период
   од 6 месеци предвиден е грант од 20% од главницата и

• за кредитите со рок на отплата од 18 месеци со вклучен грејс период
  од 6 месеци предвиден е грант од 10% од главницата.

 Предвремената отплата на кредитот од страна на кредитокорисникот
 го исклучува правото на грант во целост.

 Отпуштањето на долгот ќе се врши од последните рати на кредитот.

 

Субјекти кои имаат право на поднесување на кредитно барање
Микро, мали и средни трговски друштва (согласно тековна состојба), трговци поединци и занаетчии кои плаќаат данок на реален приход кои се регистрирани во Република Северна Македонија согласно позитивните прописи и се со основна главнина во приватна сопственост на правни и физички лица од најмалку 51%, согласно Листата на прифатливи класи на дејности за финансирање (дејноста се утврдува согласно приоритетната дејност наведена во Тековната состојба).
Кредитобарателот може да ја провери својата класификација по големина со увид во негова тековна состојба.


Листа на прифатливи класи на дејности:

Шифра   Н а з и в
01.11   Одгледување на жита (освен ориз), мешунасти растенија и маслодајно семе  
01.12  Одгледување на ориз
01.13  Одгледување на зеленчук, дуњи и лубеници, коренест и трупкаст зеленчук
01.14  Одгледување на шеќерна трска
01.21  Одгледување на грозје
01.24  Одгледување на јаболчесто и коскесто овошје
01.30  Одгледување на саден материјал
01.41  Одгледување на молзни крави
01.42  Одгледување на други говеда и биволи
01.45  Одгледување на овци и кози
01.46  Одгледување на свињи
01.47  Одгледување на живина
10.11  Преработка и конзервирање на месо
10.12  Преработка и конзервирање на живинско месо
10.13  Производство на животинско и живинско месо
10.31  Преработка и конзервирање на компири
10.32  Производство на сокови од овошје и зеленчук
10.39  Друга преработка и конзервирање на овошје и зеленчук
10.41  Производство на масла и масти
10.42  Производство на маргарин и слични масти за јадење
10.51  Преработка на млеко и производство на сирења
10.52  Производство на сладолед
10.61  Производство на мелнички производи
10.62  Производство на скроб и производи од скроб
10.71  Производство на леб, слатки (колачи, торти) во свежа состојба и бисквити (кекси)
10.72  Производство на двопек и бисквити, производство на конзервирани слатки и печива
10.73  Производство на макарони, њоки, кускус и слични тестенини
10.81  Производство на шеќер
10.82  Производство на какао, чоколади и кондиторски производи
11.02  Производство на вино од грозје

 

Критериуми кои треба да ги исполнуваат кредитобарателите:

• Регистрирани во Република Северна Македонија,
• Се најмалку 51% во приватна сопственост,
• Немаат неподмирени обврски кон државата докажано со потврда од УЈП не постара од 31.12.2021 година,
• Не се во постапка на стечај или ликвидација,
• Имаат поднесено годишна сметка во Централен регистар за 2021 година, независно од месеците на работење,
• Имаат запишано вистински сопственик во Регистарот за вистински сопственици при Централниот регистар на РСМ доколку е обврзник (Тековна состојба за вистински сопственик, потврда за вистински сопственик),
• Согласно финансиските извештаи за последната фискална година има главнина и резерви (наведен во билансот на состојба, АОП 65) не помалку од 30% од износот на бараниот кредит (овој критериум не се применува кај занаетчии и ТП),
• Согласно податоците од кредитен регистар на НБРСМ со состојба 31.01.2022 година се во класификација подобра или еднаква на Б (се врши пресметка на просечна ризичност) или кои немаат кредитна изложеност. Исклучок е доколку вкупната кредитна изложеност на банките кон одреден клиент е помала од 10.000 денари,
• Не се корисници на кредит од ,,Ковид 3” и ,,Ковид 4” кредитната линија (како корисник се смета секој оној кој има склучено договор со РБСМ за оваа кредитна линија),
• Во моментот на поднесувањето на апликацијата за кредит немаат неизмирени достасани обврски во износ поголем од 10.000 денари, како корисници на ,,Ковид 1” и ,,Ковид 2” кредитна линија.

Критериуми за одлучување за распределба на средствата:

-

 Квалификуван кредитокорисник кој ги исполнува критериумите за одобрување на кредит по
 принципот ,,ПРВ ДОЈДЕН, ПРВ УСЛУЖЕН”.

-

 Кредитните барања се обработуваат хронолошки како што се пристигнати на 
 е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

 

Задолжителна документација:

1. Кредитно барање (образец објавен на веб страницата на банката),
2. Апликација за регистрација на клиент-правно лице (образец објавен на веб страницата на банката),
3. Изјава за поврзаност со други правни/физички лица (образец објавен на веб страницата на банката),
4. Изјава за постоење својство на носител на јавна функција (образец објавен на веб страницата на банката),
5. Изјава за проверка на кредитна изложеност (образец објавен на веб страницата на банката),
6. ЗП образец (образец за заверен потпис),
7. Доказ за немање на достасани неплатени даноци и придонеси кон државата – Уверение од УЈП (не постара од 31.12.2021 година),
8. Тековна состојба не постара од 6 месеци (од Централен регистар на РСМ),
9. Тековна состојба за вистински сопственик не постара од 6 месеци (од Централен регистар на РСМ),
10. Годишна завршна сметка (со 31.12.2021 г.) (од Централен регистар на РСМ),
11. Потврда за стечај и Потврда за ликвидација - Доказ дека не е отворена стечајна, односно ликвидациона постапка (од Централен регистар на РСМ) не постара од 6 месеци.


 

Начин на реализација на кредитната линија:

За кредитната линија е објавен Јавен повик бр. 1 на 05.05.2022 година.

Кредитните барања за јавниот повик се доставуваат 15 дена, со почеток од 11. мај 2022 година од 09:00 часот и завршува на 26. мај 2022 година во 09:00 часот.

Обработката на пристигнатите кредитни барања ќе отпочне по затворање на јавниот повик.
Документите кои се доставуваат на јавниот повик се неповратни.
Неадекватните кредитни барања на неквалификувани кредитокорисници нема да се разгледуваат.
Некомплетните барања за кредит нема да се разгледуваат сè додека не се дополнат.
Пристигнатите документи без Кредитно барање (образец на веб страната на банката) нема да се обработуваат сè додека не се поднесе Кредитното барање.
Банката не сноси никакви трошоци настанати со подготовка, составување и доставување на барањата за кредит, така што учесникот на јавниот повик нема право на надомест на било какви трошоци по основ на учество на овој јавен повик.

Банката ќе ги извести барателите на кредит на коишто им е одобрен кредит врз основа на доставено Кредитно барање, на електронската адреса наведена во Тековната состојба на субјектот.
Банката ќе ги извести кредитобарателите чии кредитни барања се одбиени, со причина за одбивање, на електронската адреса наведена во Тековната состојба на субјектот.
Банката нема да ги известува индивидуално кредитобарателите чии кредитни барања се пристигнати по исцрпување на средствата.
За исцрпување на средствата по објавениот Јавен повик, Банката ќе објави на својата веб страница.

Повлечена петтата транша од заемот на ЕИБ во износ од 22,8 милиони евра за домашните компании.                                                               НОВА БЕСКАМАТНА КРЕДИТНА ЛИНИЈА ЗА ОБРТНИ СРЕДСТВА ЗА ЗГОЛЕМЕНИ ЦЕНИ НА ЕНЕРГЕНСИ ПРЕКУ БАНКИТЕ УЧЕСНИЧКИ (ОБРТНИ СРЕДСТВА-ЕНЕРГЕНСИ-БУ)                                                               УШТЕ ЕДНА НОВА КРЕДИТНА ЛИНИЈА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА ПРЕКУ БАНКИТЕ УЧЕСНИЧКИ (ЕЕ и ОИЕ)                                                               ИНДИВИДУАЛНИ ГАРАНЦИИ од Гарантен фонд до 50% од износот на кредитот и без надомест за компаниите до 31.12.2022 година.                                ПОРТФОЛИО ГАРАНЦИИ.                                ИНСТРУКЦИИ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ ПО КРЕДИТНИТЕ ЛИНИИ: „КОВИД-1“, „КОВИД-2“ И „КОВИД-3“.