Производство
Наменски кредит за производство на земјоделски производи
Намена
Набавка на основни и обртни средства и тоа за:
- растително производство: поледелство, овоштарство и лозарство.
- сточарско производство: говедарство, овчарство, свињарство, козарство, живинарство, аквакултура и
пчеларство.
- нова земјоделска погонска и приклучна механизација.
Средствата ќе се одобруваат за подобрување и развој на нивните производни способности, за настап на домашниот и странските пазари, зголемување на инвестициите, за зголемување на вработеноста, за продуктивно почетно инвестирање и за зголемување на конкурентноста.
Намена: |
Набавка на основни и обртни средства и тоа за: - растително производство: поледелство, овоштарство и лозарство. - сточарско производство: говедарство, овчарство, свињарство, козарство, живинарство, аквакултура и пчеларство. - нова земјоделска погонска и приклучна механизација. |
Износ по проект: |
Максимум до 30.750.000 денари (500.000EUR) |
Валута: |
Исплата на кредитот, пресметување на камата и плаќање на доспеани обврски се врши во денари |
Рокови: |
За основни средства: до 120 месеци со вклучен грејс период до 18 месеци За обртни средства: до 24 месеци со вклучен грејс период до 6 месеци |
Каматна стапка за крајниот корисник: |
2% годишно фиксна каматна стапка |
Еднократен надоместок при исплата: |
0,8% од износот на исплатениот кредит |
Искористување на средствата од кредитот: |
Средствата од одобрениот кредит се префрлаат по барање на корисникот на негова сметка и истите се користат само за намената за која се одобрени во рок од 90 дена од денот на приемот на средствата. За наменското искористување на средствата, корисникот доставува фактури и банкарски изводи до Банката во рок од осум дена од денот на плаќањето. |
Рефинансирање: |
Предмет на кредитирање можат да бидат и набавки кои се реализирани до 180 денови пред поднесување на кредитното барање од страна на кредитобарателот до Банката.
Како доказ за наменско искористување на средствата, кредитобарателот заедно со документацијата, дополнително ја доставува и целокупната документација за извршените набавки (фактури, договори за купопродажба, банкарски налози и изводи и друга документација).
|
Крајни корисници и критериуми кои треба да бидат исполнети: |
Микро, мали и средни претпријатија (согласно Закон за државна помош) кои вршат производство на земјоделски производи (регистрирани при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство - МЗШВ).
Критериуми кои треба да бидат исполнети: - Сопствено учество најмалку 20% одвкупната инвестиција (истото не мора да е во парични единици, односно може да е и во средства); -Степен на тековна ликвидност минимум 0,7; -Степен за способност за сервисирање на долг минимум 0,5; -Позитивен финансиски резултат во последната фискална година; -Да нема достасани неизмирени обврски кон државата (даноци, придонеси и др.) -Согласно кредитен регистар на НБРСМ, класификација подобра или еднаква на „Б“
По исклучок кредитобаратели можат да бидат: - Новоосновани претпријатија чии што основачи се правни лица со позитивен финансиски резултат во последната фискална година; - Претпријатија кои во последната фискална година оствариле негативен финансиски резултат, доколку обезбедат банкарска гаранција за одобрениот кредит.
|
Обезбедување од крајните корисници: |
- Хипотека од прв ред најмалку во висина од 1,5:1 во однос на износот на одобрен кредит и пресметаната договорна камата, или - банкарска гаранција во висина на износот на одобрен кредит и пресметаната договорна камата.
|
Потребна документација: |
Целокупната документација за кредитот се поднесува во оригинал до РБСМ (може и преку препорачана пошта, за да имате потврда дека е пристигната)
1. Барање за кредит (формулар на РБСМ); 2. Апликација за идентификација на клиент (формулар на РБСМ); 3. Tековна состојба (не постара од 3 месеци, од ЦРСМ); 4. Докази за немање достасани неподмирени обврски кон државата (Уверение од УЈП); 5. Потврда за запишано земјоделско стопанство и пријавени производни капацитети при МЗШВ; 6. Бизнис план или инвестициона програма; 7. ЗП образец (образец за потписници во име на фирмата, копија) и потписен картон (копија); 8. Документација за понуденото обезбедување на кредитот (доколку обезбедувањето е хипотека – копија од имотен лист, доколку обезбедувањето е банкарска гаранција – деловна банка која ќе ја издаде гаранцијата); 9.1 Биланс на состојба и биланс на успех (копија) и заклучни листови со истите дати; 9.2 Заклучен лист за тековната година со последна дата која е прокнижена; 9.3 Промет на жиро сметка за тековната година (компјутерски листинг на картичка 1000 од сметководство); 9.4 Аналитички преглед по комитенти (спецификација на групи 12 - купувачи, 22 - добавувачи и 25 - кредити) со иста дата за која се однесуваат заклучните листови; 9.5 Ревизорски извештај (за трговски друштва кои се обврзани да изготвуваат); 9.6 Акционерска книга и книга на удели; 10. Изјава за капитална поврзаност (формулар на РБСМ); 11. Документација за планираните набавки со средствата од кредитот; 12. Изјава за задолженост во други банки и финансиски институции (формулар на РБСМ);. 13. Изјава за постоење својство носител на јавна функција на клиентот (формулар на РБСМ). 14. Изјава за проверка на кредитна изложеност (формулар на РБСМ)
|
Прерaботка на з.п.
Наменски кредит за преработка на земјоделски производи
Намена
Набавка на основни и обртни средства и тоа:
- опрема за преработка на земјоделски производи;
- изградба на нови и купување или реконструкција на постоечки производ-ни објекти во функција на преработка и
складирање на земјоделски производи;
- откуп на земјоделски производи за преработка (најмалку 70% од основната суровина за преработка треба
да биде со потекло од домашно производство);
- набавка на сите видови компоненти за производство на добиточна храна;
- набавка на компоненти од неземјоделско потекло во функција на крајниот производ (најмногу 30% од
инвестицијата);
- амбалажа и етикетирање.
Средствата ќе се одобруваат за подобрување и развој на нивните производни способности, за настап на домашниот и странските пазари, зголемување на инвестициите, за зголемување на вработеноста, за продуктивно почетно инвестирање и за зголемување на конкурентноста.
Општи услови на кредитот
Намена: |
Набавка на основни и обртни средства и тоа: - опрема за преработка на земјоделски производи; - изградба на нови и купување или реконструкција на постоечки производни објекти во функција на преработка и складирање на земјоделски производи; - откуп на земјоделски производи за преработка (најмалку 70% од основната суровина за преработка треба да биде со потекло од домашно производство); - набавка на сите видови компоненти за производство на добиточна храна; - набавка на компоненти од неземјоделско потекло во функција на крајниот производ (најмногу 30% од инвестицијата); - амбалажа и етикетирање. |
Износ по проект: |
Максимум до 30.750.000 денари (500.000EUR) |
Валута: |
Исплата на кредитот, пресметување на камата и плаќање на доспеани обврски се врши во денари |
Рокови: |
За основни средства: до 120 месеци со вклучен грејс период до 18 месеци За обртни средства: до 24 месеци со вклучен грејс период до 6 месеци |
Каматна стапка за крајниот корисник: |
2% годишно фиксна каматна стапка |
Еднократен надоместок при исплата: |
0,8% од износот на исплатениот кредит |
Искористување на средствата од кредитот: |
Средствата од одобрениот кредит се префрлаат по барање на корисникот на негова сметка и истите се користат само за намената за која се одобрени во рок од 90 дена од денот на приемот на средствата. За наменското искористување на средствата, корисникот доставува фактури и банкарски изводи до Банката во рок од осум дена од денот на плаќањето. |
Рефинансирање: |
Предмет на кредитирање можат да бидат и набавки кои се реализирани до 180 денови пред поднесување на кредитното барање од страна на кредитобарателот до Банката.
Како доказ за наменско искористување на средствата, кредитобарателот заедно со документацијата, дополнително ја доставува и целокупната документација за извршените набавки (фактури, договори за купопродажба, банкарски налози и изводи и друга документација).
|
Крајни корисници и критериуми кои треба да бидат исполнети: |
Микро, мали и средни претпријатија (согласно Закон за државна помош) кои вршат преработка на земјоделски производи (регистрирани при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство - МЗШВ).
Критериуми кои треба да бидат исполнети: - Сопствено учество најмалку 20% од вкупната инвестиција (истото не мора да е во парични единици, односно може да е и во средства); - Степен на тековна ликвидност минимум 0,7; - Степен за способност за сервисирање на долг минимум 0,5; - Позитивен финансиски резултат во последната фискална година; - Да нема достасани неизмирени обврски кон државата (даноци, придонеси и др.) - Согласно кредитен регистар на НБРСМ, класификација подобра или еднаква на „Б“
По исклучок кредитобаратели можат да бидат: - Новоосновани претпријатија чии што основачи се правни лица со позитивен финансиски резултат во последната фискална година; - Претпријатија кои во последната фискална година оствариле негативен финансиски резултат, доколку обезбедат банкарска гаранција за одобрениот кредит.
|
Обезбедување од крајните корисници: |
- Хипотека од прв ред најмалку во висина од 1,5:1 во однос на износот на одобрен кредит и пресметаната договорна камата, или - банкарска гаранција во висина на износот на одобрен кредит и пресметаната договорна камата. |
Потребна документација:
|
Целокупната документација за кредитот се поднесува во оригинал до РБСМ (може и преку препорачана пошта, за да имате потврда дека е пристигната)
1. Барање за кредит (формулар на РБСМ); 2. Апликација за идентификација на клиент (формулар на РБСМ); 3. Tековна состојба (не постара од 3 месеци, од ЦРСМ); 4. Докази за немање достасани неподмирени обврски кон државата (Уверение од УЈП); 5. Решение за упис во соодветните регистри на откупувачи на земјоделски производи при МЗШВ; 6. Бизнис план или инвестициона програма; 7. Договори за откуп; 8. ЗП образец (образец за потписници во име на фирмата, копија) и потписен картон (копија); 9. Документација за понуденото обезбедување на кредитот (доколку обезбедувањето е хипотека – копија од имотен лист, доколку обезбедувањето е банкарска гаранција – деловна банка која ќе ја издаде гаранцијата); 10.1 Биланс на состојба и биланс на успех (копија) и заклучни листови со истите дати; 10.2 Заклучен лист за тековната година со последна дата која е прокнижена; 10.3 Промет на жиро сметка за тековната година (компјутерски листинг на картичка 1000 од сметководство); 10.4 Аналитички преглед по комитенти (спецификација на групи 12 - купувачи, 22 - добавувачи и 25 - кредити) со иста дата за која се однесуваат заклучните листови; 10.5 Ревизорски извештај (за трговски друштва кои се обврзани да изготвуваат); 10.6 Акционерска книга и книга на удели; 11. Изјава за капитална поврзаност (формулар на РБСМ); 12. Документација за планираните набавки со средствата од кредитот; 13. Изјава за задолженост во други банки и финансиски институции (формулар на РБСМ);. 14. Изјава за постоење својство носител на јавна функција на клиентот (формулар на РБСМ). 15. Изјава за проверка на кредитна изложеност (формулар на РБСМ)
|
Извоз на з. п.
Наменски кредит за извоз на примарни земјоделски производи и нивни преработки
Намена
Набавка на основни и обртни средства и тоа:
- разладни уреди за кондициско одржување на употребливата вредност на производите до нивната продажба;
- машини за калибрирање и пакување;
- изградба на нови и купување или модернизација на постоечки објекти за постбербени активности (складирање,
кондициско одржување на производите до нивна продажба, калибрирање, пакување) за овошје и зеленчук и
собирни центри за млеко;
- откуп на примарни земјоделски производи наменети за извоз (100% домашно потекло);
- откуп на преработени земјоделски производи наменети за извоз (100% домашно потекло);
- амбалажа и етикетирање.
Средствата ќе се одобруваат за подобрување и развој на нивните производни способности, за настап на домашниот и странските пазари, зголемување на инвестициите, за зголемување на вработеноста, за продуктивно почетно инвестирање и за зголемување на конкурентноста.
Општи услови на кредитот
Намена: |
Набавка на основни и обртни средства и тоа: - разладни уреди за кондициско одржување на употребливата вредност на производите до нивната продажба; - машини за калибрирање и пакување; - изградба на нови и купување или модернизација на постоечки објекти за постбербени активности (складирање, кондициско одржување на производите до нивна продажба, калибрирање, пакување) за овошје и зеленчук и собирни центри за млеко; - откуп на примарни земјоделски производи наменети за извоз (100% домашно потекло); - откуп на преработени земјоделски производи наменети за извоз (100% домашно потекло); - амбалажа и етикетирање. |
Износ по проект: |
Максимум до 30.750.000 денари (500.000EUR) |
Валута: |
Исплата на кредитот, пресметување на камата и плаќање на доспеани обврски се врши во денари |
Рокови: |
За основни средства: до 120 месеци со вклучен грејс период до 18 месеци За обртни средства: до 24 месеци со вклучен грејс период до 6 месеци |
Каматна стапка за крајниот корисник: |
2% годишно фиксна каматна стапка |
Еднократен надоместок при исплата: |
0,8% од износот на исплатениот кредит |
Искористување на средствата од кредитот: |
Средствата од одобрениот кредит се префрлаат по барање на корисникот на негова сметка и истите се користат само за намената за која се одобрени во рок од 90 дена од денот на приемот на средствата. За наменското искористување на средствата, корисникот доставува фактури и банкарски изводи до Банката во рок од осум дена од денот на плаќањето. |
Рефинансирање: |
Предмет на кредитирање можат да бидат и набавки кои се реализирани до 180 денови пред поднесување на кредитното барање од страна на кредитобарателот до Банката.
Како доказ за наменско искористување на средствата, кредитобарателот заедно со документацијата, дополнително ја доставува и целокупната документација за извршените набавки (фактури, договори за купопродажба, банкарски налози и изводи и друга документација)
|
Крајни корисници и критериуми кои треба да бидат исполнети: |
Микро, мали и средни претпријатија (согласно Закон за државна помош) кои вршат извоз на примарни земјоделски производи и нивни преработки (регистрирани при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство - МЗШВ).