Производи

Портфолио гаранции

 

Корисници на
портфолио гаранции

   Банки и штедилници кои од гувернерот на НБРСМ
   добиле дозвола за основање и работење

Услови кои треба да ги исполни
компанијата корисник на кредит
обезбеден со портфолио гаранција

   - да е микро, мал и среден трговец,
   - да е со седиште во Република Северна Македонија,
   - да е најмалку 51% во приватна сопственост,
   - да е класифициран во категорија А на ризичност или
     да немаат обврски кон банките согласно податоците
     од кредитниот регистар на Народната банка на
     Република Северна Македонија и
   - да не е со основна дејност во тековната состојба
     лизинг, финансиски услуги, игри на среќа и
     производство на тутун, дрога и други опојни
     средства, производство и дистрибуција на оружје
     или воена опрема и трговија со недвижности.

Услови кои треба да ги исполни
кредитот обезбеден со
портфолио гаранција

   - минималниот износ на кредитот по кој се гарантира
     да е 300.000 денари, додека максималниот износ на
     кредитот по кој се гарантира не може да надмине
     износ од 30.750.000 денари,
   - минималниот рок на отплата на кредитот треба да е
     1 година, максималниот рок на отплата треба да е 8
     години за кредит за основни средства со можност за
     вклучен грејс период до 1 година и 3 години за
     кредит за обртни средства со можност за вклучен
     грејс период до 1 година,
   - кредитот не треба да е наменет за набавка на
     основни средства и обртен капитал за проекти кои:
     се наменети за производство и дистрибуција на
     оружје и воена опрема, се наменети за производство
     на тутун и тутунски производи, дрога и други опојни
     средства, вклучуваат експерименти врз живи
     животни, ја загадуваат животната средина и
     природа, се поврзани со трговија со недвижности, се
     поврзани со игрите на среќа и се поврзани со
     финансиски активности,
   - кредитот да не е финансиран со средства од РБСМ,
   - кредитот треба да има точно утврдена динамика на
     отплата согласно амортизационен план,
   - к
редитот да не биде наменет за отплата на
     побарувања кон банки и штедилници, финансиски
     друштва и даватели на финансиски лизинг,
   - 
кредитот мора да биде финансиран од капиталот на
     банката или штедилницата или со средства стекнати
     на пазарна основа,
   - 
кредитот не смее да биде финансиран од
     субвенционирани заеми добиени од државни извори,
     меѓународни агенции или непрофитни институции и
   - 
кредитот не смее да е одобрен за реструктуирање на
     постојни побарувања на банката, отплата на
     постојни кредити и откуп на постоен кредит.

Останати услови

   - банката или штедилницата не може да одобри поголема
     изложеност од 25% од лимитот на изложеност одобрен
     на банката или штедилницата по основ на гаранција од
     Гарантниот фонд кон ист трговец и со него поврзани лица.

Максимален % на гарантирање
кај портфолио гаранциите

   - до 80% од кредитите за обртни средства и
   - 
до 50% од кредитите за инвестиции.

   Вкупниот апсолутен износ за исплата од гарантниор фонд
   не може да надмине 30% од гарантираното портфолио
   по банка односно штедилница.

Кој го поднесува барањето
за гаранција до РБСМ

     Банки и штедилници

Што се гарантира со гаранциите од Гарантниот фонд

    Главен долг (главница)

 

Повеќе информации за производот може да добиете на телефоните: 02/3115-844, 02/3114-840.

                               ИНСТРУКЦИИ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ ПО КРЕДИТНИТЕ ЛИНИИ: „КОВИД-1“, „КОВИД-2“ И „КОВИД-3“.