Производи

Гаранции

 

ГАРАНТЕН ФОНД

Со измените во Законот за изменување и дополнување на Законот за Развојната банка на Северна Македонија („Службен весник на РСМ“ бр. 77/21), во Развојна банка на Северна Македонија (РБСМ) се формира Гарантен фонд како посебна организациона единица – одделение Гарантен фонд, во рамки на Сектор за кредитирање и гаранции. Пред законските измени, претходеше техничка помош од ММФ за Министерството за финансии и работна група во која членуваа претставници на Министерството за финансии, Министерството за економија, Народна банка на Република Северна Македонија и Развојна банка на Северна Македонија.

Целта на формирање на Гарантниот фонд е преку обезбедување на дел од колатералот за новоодобрените кредити да се охрабрат банките и штедилниците да ја зголемат понудата на поволни кредити за основни и обртни средства.

Со Гарантниот фонд, за кој на посебна сметка на РБСМ во НБРСМ првично се издвоени средства во износ од 10 милиони евра, се обезбедува кредитно гарантна шема поддржана од државата преку издавање гаранции за новоодобрени кредити од банки и штедилници. Рамките на кредитно-гарантната шема, ограничувањата на Гарантниот фонд, начинот на финансирање, прифатливи кредити за гарантирање, како и известувањето се уредени со самиот закон. Со договор помеѓу Владата и РБСМ се уредени другите елементи на кредитно-гарантната шема од поблиску, на начин на кој дозволува поголема флексибилност на производот по препораката на ММФ при воведување на производот.

За условите на кредитно-гарантната шема банките беа консултирани преку МБА по пат на размена на коментари на условите.

Од Гарантниот фонд, се реализираат два производи:

  • Портфолио гаранции кон банка и/или штедилница; и
  • Индивидуални гаранции за големи компании кои вршат извоз (согласно Законот на Развојна банка на Северна Македонија) кон банка или штедилница.

 

ЦАРИНСКИ ГАРАНЦИИ 

Согласно важечката законска регулатива (Законот за царина и Уредбата за спроведување на Законот за царина), компаниите кои вршат увоз заради облагородување треба да обезбедат банкарски гаранции во корист на Царинската управ  на РСМ, а со кои се обезбедува настанување на евентуален царински долг.

  • гаранции за царински долг при увоз заради облагородување
                               ИНСТРУКЦИИ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ ПО КРЕДИТНИТЕ ЛИНИИ: „КОВИД-1“, „КОВИД-2“ И „КОВИД-3“.                               
Контакт