- Со воведувањето на факторинг на домашни побарувања РБСМ ќе допринесе за полесно краткорочно финансирање на компаниите, за нивните тековни потреби со што ќе претставува еден вид на акцелератор на бизнис циклусите во претпријатијата.
- Исто така со воведување на домашниот факторинг РБСМ ќе влијае за подобрување на ликвидноста на македонските компании со што ќе се овозможи подобрување на паричните текови на компаниите.
- Како целна група односно корисници на факторинг на домашни побарувања се сите компании кои продаават со одложен рок на плаќање.
Како до факторинг услугата?
За да се користи факторинг услугата, треба да се пополни прашалник и апликација за лимит за домашен купувач и да се достави заедно со бараната документација во просториите на РБСМ.
Доколку биде одобрена апликацијата за факторинг, се потпишува и заверува Договор за факторинг (нотарска заверка).
Секоја фактура се пријавува во РБСМ, на чија основа се исплаќаат средствата (авансот од 80% од износот на фактурата) на сметка на клиентот/ извозникот.
Корисници на факторингот можат да бидат трговски друштва регистрирани во РСМ кои вршат продажба на стоки и услуги во странство на одложено плаќање до 180 дена.
Доколку во рок од 180 дена од денот на доспевање на фактурата нема плаќање од страна на домашен купувач, се активира регресното право (РБСМ го враќа побарувањето на клиентот). За овие 180 дена се пресметува редовна камата од 3,2% годишно, додека по активирање на регресот се пресметува законска затезна камата.
Процедура за факторинг
Корисник на услугата факторинг може да биде:
- домашен стопански субјект кој врши продажба на производи и услуги со рок на плаќање до 180 дена
- домашниот субјект мора да е во приватна сопственост
- да постои барем една година т.е. да има финансиски извештаи за една година
- да има валидна полиса за осигурување на побарувањата и валиден лимит за конкретниот купувач за кој ќе се врши факторинг
Постапка за користење на факторинг:
- клиентот доставува до РБСМ прашалник за факторинг и поединечни апликации за секој купувач за кој сака да врши факторинг. Вообичаено е лимитот кој е одобрен за осигурување да биде ист како и лимитот за факторинг (не е задолжително да бидат исти лимитите).
- РБСМ врши анализа на купувачите и клиентот и се утврдува вкупен лимит и поединечни лимити за секој купувач.
Пр. Клиентот Х доставува прашалник и апликации за тројца купувачи на следниве износи: 100 000, 200 000 и 300 000 евра соодветно. Доколку се одобрат вака предложените лимити клиенот ќе има вкупен лимит од 600 000 евра, а за секој купувач ќе може да користи онолку колку што е наведено погоре.
- Се изготвува Договор за рамковен револвинг лимит кој се заверува на нотар (извршна клаузула) и се потпишуваат 3 меници.
- Откако ќе се потпише Договорот за рамковен револвинг лимит, клиентот доставува до секој купувач за кого е одобрен лимит нотификација со која го известува дека побарувањата што ги има клиентот се дадени во РБСМ и дека плаќањата по основ на сите идни фактури ќе треба да се вршат на сметката на РБСМ.
- Врз основа на нотификацијата, купувачите треба да вратат конфирмација дека се согласни со текстот.
- Штом се обезбедни горенаведените документи може да се почне со факторинг. Клиентот доставува спецификакација за фактурите за кои ќе се врши факторинг (овие фактури се претходно осигурани врз основ на Полисата за осигурување).
- На целиот износ од фактурите се пресметува провизија од 0,2% и се задолжува клиентот да ја плати.
- Откако ќе биде извршено плаќањето на провизијата се изготвува и потпишува поединечен Договор за откуп на побарувањата (не се заверува нотарски овој Договор).
- Се врши исплата на 80% од износот на фактурите. Средствата се префрлаат на жиро сметката на клиентот.
- Се врши месечна пресметка и плаќање на камата. Каматната стапка е 3,2% годишно. Се пресметува до плаќање на фактурата од страна на купувачот. Клиентот ја плаќа каматата на крајот на месецот.
- Откако ќе биде извршено плаќањето на конкретна фактура, РБСМ врши исплата на останатите 20% од фактурата. Услов за ова е клинетот да нема неплатена обврска кон РБСМ.
- Доколку во рок од 180 дена од денот на доспевање на фактурата нема плаќање од страна на домашниот купувач, се активира регресното право (РБСМ го враќа побарувањето на клиентот). За овие 180 дена се пресметува редовна камата од 3,2% годишно, додека по активирање на регресот се пресметува законска затезна камата.
Цена на факторингот
Цената на факторингот се пресметува врз основа на исплатениот аванс од 80% од износот на фактурата и се состои од:
- каматна стапка која изнесува 3,2% на годишно ниво (каматата се пресметува на исплатениот аванс од 80% од износот на фактурата на реален број на денови)
- провизија за управување која изнесува 0,2% еднократно (провизијата се пресметува на целокупниот износ на фактурата)