При продажба на производите/услугите на странски пазари со одложен начин на плаќање, постојат ризици од евентуална ненаплата на побарувањата. Заради заштита од ризикот на ненаплата на своите побарувањата од извозни трансакии, извозниците може да ги осигураат своите побарувања од комерцијални и политички ризици.
Осигурување на извозните побарувања по реализирана испорака на стоките значи осигурување на побарувањата на извозникот од неговиот странски купувач по реализираната испорака на стоките. Осигурувањето на извозните побарувања по испорака вклучува:
Комерцијални ризици:
Политички ризици:
Осигурување на извозните побарувања пред испорака на стоките значи кога извозникот произведува одредена стока по специјална нарачка на одреден странски купувач, доколку во текот на производството странскиот купувач отиде во стечај или настане одреден политички ризик во земјата на странскиот купувач, а производот поради специфичните карактеристики извозникот не може да го продаде на друг купувач, тогаш РБСМ го обештетува извозникот.
Осигурувањето на побарувањата на извозникот од неговиот странски купувач пред испорака на стоките вклучува:
Комерцијални ризици:
Политички ризици:
Потенцијалниот осигуреник доставува пополнет образец Прашалник за осигурување на побарувањата. Прашалникот треба да содржи точни податоци за обемот на продажба на потенцијалниот осигуреник, земјите каде што се врши продажбата, начин на управување со ненаплатените побарувања, купувачи каде продавачот учествува во сопственичката структура, ненаплатени побарувања во последните 3 години, називите на купувачите кои доцнат повеќе од 60 дена, биланс на состојба и биланс на успех и друго.
Потенцијалниот осигуреник или веќе постоечкиот осигуреник доставува пополнета Апликација за кредитен лимит за секој купувач поединечно. Апликацијата треба да содржи точни и целосни податоци за називот на купувачот, точната адреса, доколку е во можност и матичен или даночен број, висина на планираната продажба, динамика на продажба, баран кредитен лимит и сл.
Обработката на секоја апликација за кредитен лимит на странски купувач изнесува 55 евра.
Доколку РБСМ го прифати потенцијалниот осигуреник за клиент, а истовремено одобри кредитен лимит за купувачите за кои осигуреникот аплицирал за кредитен лимит, РБСМ издава Полиса за осигурување на побарувањата на краток рок, со посебен Прилог кон полисата и посебни Додатоци за кредитен лимит за секој купувач поединечно. Во додатокот за кредитен лимит се утврдуваат посебните услови под кои се прифаќа купувачот за осигурување, премиската стапка и осигурителниот процент.
Премиската стапка може да биде: минимална 0.24%, а максимална 1.32%. Висината на премиската стапка зависи од три фактори: ризик на земјата каде што се наоѓа купувачот, бројот на купувачите кои ги осигурува осигуреникот, и рокот на плаќање. Од тука за еден купувач во Србија со утврден рок на плаќање од 360 дена, премиската стапка ќе биде 1.02%. Премиската стапка ќе биде најмала доколку осигуреникот има најмалку пет купувачи за осигурување, во најмалку три земји. Ова РБСМ го смета за дисперзија на ризик и тогаш на своите клиенти ги нуди најмалите премиски стапки.
Со примена на премиската стапка на пријавената продажба, се добива премијата која осигуреникот има обврска да ја плати на РБСМ за да ја осигура својата продажба.
Клиентот/Осигуреникот има обврска редовно да ја пријавува продажбата со образецот Пријава за реализирана продажба во рамките на валидност на лимитот, како и редовно да ја плаќа премијата.
Осигуреникот има обврска и месечно да ја известува РБСМ за наплатените фактури, како и за купувачите кои доцнат повеќе од 60 дена да доставува образец Известување за доцнење на плаќањето.
Осигуреникот треба да се однесува како да не е осигуран и да води добар кредитен менаџмент, со цел да ги наплати своите побарувања. Во одредени случаи по барање на РБСМ, ќе треба да ангажира и агенција за наплата на долг. Трошоците од ангажирање на агенцијата за наплата на долг се делат меѓу РБСМ и осигуреникот, во однос на тоа колкав е осигурителниот процент.
Во случај кога осигуреникот и покрај тоа, не успее да го наплати своето побарување, се утврдува ризикот кој настанал: стечај, продолжено неплаќање (по 180 дена од датумот на доспевање на фактурата), или одреден политички настан, и врз основа на тоа доставува образец Барање за штета до РБСМ. Со Барањето за штета осигуреникот е должен да ја достави и целата пропратна документација како: фактура, ЦМР, царинска декларација кај извозните побарувања, финансиска картица на купувачот, нарачката или договорот со купувачот и други документи доколку РБСМ оцени дека се потребни.
Откако осигуреникот ќе ја достави целокупната документација, РБСМ ја разгледува истата максимум до 60 дена и донесува одлука за одобрување/делумно одобрување/одбивање на барањето за штета. Одбивање може да настане доколку осигуреникот свесно и целно ја ставил РБСМ во ризик, несовесно се однесувал, не направил ништо за да ги наплати своите побарувања, кога и покрај препораките на РБСМ да ја стопира продажбата сепак продолжил да испорачува, настанал друг ризик кој не е осигурен со Полисата за осигурување и слично.
Делумно одобрување може да настане ако осигуреникот испорачал повеќе од одобрениот кредитен лимит, ако постои спор на делумен износ, РБСМ исплаќа штета за износот кој не е оспорен од страна на купувачот и слично.
Доколку настане спор помеѓу купувачот и осигуреникот, РБСМ го пролонгира периодот на продолжено неплаќање, додека не се разреши спорот. РБСМ не одлучува за основаноста на спорот. Доколку постои судска разрешница во корист на осигуреникот, осигуреникот при доставувањето на барањето за штета, во кое покрај основното побарување ги наведува и трошоците кои ги направил за спроведување на судската постапка. РБСМ го исплаќа договорениот осигурен процент од вкупниот износ наведен во Барањето за штета.
Со исплата на штетата, осигуреникот го префрла правото на побарување на РБСМ, и за РБСМ започнува постапка на повраток. Доколку и во текот на повратокот РБСМ има потреба од дополнителни документи, осигуреникот е должен истите да ги достави до РБСМ. Ако РБСМ успее да го наплати целиот износ од побарувањето, во тој случај на осигуреникот му дава минимум 10%, односно неосигурениот процент од исплатената штета.
Тел: 02/3115-844, 02/3114-840 лок. 141, 142, 143, 144, 145.
e-mail: info.osiguruvanje@mbdp.com.mk