Основни информации

Кредитите за прозводство, преработка и извоз на примарни земјоделски производи и нивни преработки се наменети за поддршка на микро, мали и средни претпријатија кои се занимаваат со примарно земјоделско производство, преработка на земјоделски производи и откуп и извоз на примарни земјоделски производи и нивни преработки. Наменети се за набавка на основни и обртни средства, со фиксна годишна каматна стапка 1%.

Напомена: РБСМ почнувајќи од 23.03.2023 година го одложува приемот на нови барања односно истите нема да се разгледуваат се до обезбедување на дополнителни средства за оваа намена.