Цел на кредитната линија:

Подобрување на пристапот на индивидуалните земјоделски производители, малите и средните претпријатија чија основна дејност е примарно земјоделско производство и баратели на средства од ИПАРД програмата, што ќе има значаен придонес во остварувањето на одржлив економски раст и поголема вработеност.


Намена на кредитната линија:

За сите потсектори во примарното земјоделско производство (полјоделство, овоштарство, лозарство, производство на семенски и расаден материјал , сточарство, одгледување и селекција на расни животни, итн.) за набавка на:

  • основни средства (земјоделска механизација, опрема, објекти во функција на примарното земјоделско производство, земјоделско земјиште, основно стадо, долгогодишни насади, итн.)
  • обртни средства (семенски материјали, добиточна храна, ѓубриво, заштитни средства, итн.)
  • услуги за воведување на стандарди и ознаки во примарното земјоделско производство
  • инвестиции поддржани со ИПАРД програмата (мерка 101)

 


Извори на средствата:

Меѓународен фонд за развој на земјоделството (IFAD – International fund for agricultural development).


Квалификувани кредитобаратели:

  • Носители на земјоделски стопанства кои имаат поднесено барање за упис во Единствениот регистар на земјоделски стопанства;
  • Мали и средни претпријатија кои се занимаваат со примарно земјоделско производство, преработка на земјоделски производи и извоз на примарни земјоделски производи и нивни преработки;
  • Носители на земјоделски стопанства и мали и средни претпријатија кои имаат склучено Договор за финансиска поддршка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за користење на финансиска поддршка од ИПАРД програмата 2007-2013.


Услови на кредитната линија:


Износ на поединечен кредит наменет за крајните корисници:

до 100 000 евра по кредитокорисник

Годишна каматна стапка за краен корисник:
  • 4% за кредити пласирани преку вклучените деловни банки;
  • 6% за кредити пласирани преку вклучените штедилници
Други кредитни услови:

Другите кредитни услови (потребна документација, рок на отплата , грејс период, обезбедување) ги утврдува секоја финансиска институција индивидуално, согласно сопствената кредитна политика и во зависност од видот и намената на инвестицијата, износот на кредитот, условите на производство и др.

* За кредити наменети за финансирање на инвестиции поддржани со ИПАРД програмата 2007-2013 (мерка 101) лимитот е согласно износот на вкупно прифатливата вредност на инвестицијата дефиниран во Договорот за финансиска поддршка склучен со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Контакт со Секторот за кредитирање и комисиони работи:

Тел. 02/3115-844, 02/3114-840 лок. 121, 124, 127.


Банки учеснички кај кои може да се поднесе барање:

TTK БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3236-456
централа: 02/3236-400
ttk@ttk.com.mk
https://www.ttk.com.mk

ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3200-520
централа: 02/3200-576
contact@sparkasse.com.mk
https://sparkasse.mk

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3168-504
централа: 02/3168-168
contact@kb.com.mk
https://kb.com.mk

НЛБ БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/510-638
централа: 02/15-600
info@nlb.mk
https://nlb.mk/

ПРОКРЕДИТ БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3219-927
централа: 02/3219-900
info@procreditbank.com.mk
https://www.pcb.mk

СТОПАНСКА БАНКА АД БИТОЛА

кредитирање: 047/207-522
централа: 047/207-500
contact@stbbt.com.mk
https://www.stbbt.mk/

СТОПАНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3295-524
централа: 02/3295-295
kontaktcentar@stb.com.mk
https://www.stb.com.mk

УНИ БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3286-025
централа: 02/3286-100
info@unibank.com.mk
https://www.unibank.mk

ШТЕДИЛНИЦА ФУЛМ ДОО СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3115-244
централа: 02/3217-912
info@fulm.com.mk
https://www.fulm.com.mk/

ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3240-844
централа: 02/3240-800
info@halkbank.mk
https://www.halkbank.mk