Цел на кредитната линија:

Оваа кредитна линија има за цел финансирање на проекти од областа на т.н. knowledge-based economy, енергетиката, екологијата, индустријата, туризмот, здравството, образованието, услугите, зелената транзиција и др.


Намена на кредитната линија:

1. Поддршка на идентификувани проекти и тоа:

Купување на материјални средства:

  • Недвижности
  • Опрема
  • Обртни средства (не повеќе од 30% од вредноста на кредитот)
 

2. Инвестиции во нематеријални средства (развој, планирање и финансирање во фаза на конструкција, како и трошоци за плати и останато поврзано со фазата на истражување и развој)


Извори на средствата:

Европска инвестициска банка во износ од 100.000.000 евра.


Квалификувани кредитобаратели:

Како потенцијални корисници можат да се јават трговски друштва во приватна сопственост и кои се регистрирани во Р. Северна Македонија.



Услови на кредитната линија:


Износ на поединечен кредит наменет за крајните корисници:

Од 250 до 3.000 вработени
Минимум: 40.000 евра
Максимум: 6.000.000 евра

 

Рок на отплата:

 До 12 години

Вклучен грејс период:

 До 24 месеци

Каматна стапка за крајните корисници:

 До 3,5% годишно

Начин на отплата:

 Квартална отплата

Учество на ЕИБ кредитната линија во поддршка на проектот:

 До 100%

Исплата и наплата кон БУ:

 Во девизи (ЕУР)

Забрани и исклучувања:

Од овој кредитен производ не може да се финансираат претпријатија со дејност:

 

  • Производство и извоз на оружје и опрема, инфраструктура и опрема или инфраструктура со која се ограничуваат индивидуалните права и слободи на луѓето или се кршат човековите права
  • Дејности кои имаат за цел производство или овозможување на употребата на опрема за коцкање и друга поврзана опрема и игри на среќа
  • Дејности кои имаат за цел производство, изработка, обработка или специјализирана дистрибуција на тутун, како и дејности кои овозможуваат користење на тутун
  • Активности поврзани со експерименти врз живи животни
  • Активности кои имаат негативно влијание на екологијата
  • Дејности кои се сметаат за етички или морално контроверзни генетски модифицирани организми (ГМО), клиники за абортус, нуклеарна енергија, клонирање
  • Активности од областа на трговија со недвижности
  • Проекти со пресметковна вредност поголема од 25 милиони ЕУР
  • Проекти поднесени од компании со над 250 вработени
  • Истражување и производство, рафинирање, транспорт, дистрибуција и складирање на јаглен, нафта и природен гас
Останато:

Бројот на вработени не смее да се намалува за време на отплата на кредитот

Провизија за управување за БУ:

Банката учесник може да наплати од крајниот корисник провизија за управување во висина до 1,5% еднократно

Задолжителна документација:

  • Кредитно барање со Инвестициска програма / Бизнис план
  • Тековна состојба од Централен регистар на Р. Северна Македонија
  • Копија од доказ за сопственост и проценка за понудено обезбедување
  • Годишни сметки за минимум последните две години
  • Листа на најголеми должници и доверители на кредитобарателот
  • Листа на членовите на органите на управување и раководење, големина на друштвото, број на вработени, делови на правното лице, во земјата и странство
  • Други документи на барање на банката

Контакт со Секторот за кредитирање и комисиони работи:

Тел. 02/3115-844, 02/3114-840 лок. 121, 124, 127.


Банки учеснички кај кои може да се поднесе барање:

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3168-504
централа: 02/3168-168
contact@kb.com.mk
https://kb.com.mk

СТОПАНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3295-524
централа: 02/3295-295
kontaktcentar@stb.com.mk
https://www.stb.com.mk

ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3200-520
централа: 02/3200-576
contact@sparkasse.com.mk
https://sparkasse.mk

ПРОКРЕДИТ БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3219-927
централа: 02/3219-900
info@procreditbank.com.mk
https://www.pcb.mk

НЛБ БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/510-638
централа: 02/15-600
info@nlb.mk
https://nlb.mk/