Цел на кредитната линија:

Кредитнатата линија за енергетска ефикасност (ЕЕ) и кредитната линија за обновливи извори на енергија (ОИЕ) се формирани со цел да овозможат поволна кредитна поддршка при реализација на проекти за енергетска ефикаснот и обновливи извори на енергија во услови на глобална енергетска и економска криза.


Намена на кредитната линија:

Кредитите од кредитната линија за енергетска ефикасност (ЕЕ) и кредитната линија за обновливи извори на енергија (ОИЕ) преку банки учеснички се одобруваат за поддршка на проекти за инвестиции во енергетска ефикасност (заштеда на енергија) и обновливи извори на енергија.


Извори на средствата:

Сопствени средства на РБСМ.


Квалификувани кредитобаратели:

Корисници на кредити од кредитната линија за енергетска ефикасност (ЕЕ) и кредитната линија за обновливи извори на енергија (ОИЕ) преку банки учеснички можат да бидат микро, мали и средни трговски друштва.

 


Услови на кредитната линија:


Износ на поединечен кредит наменет за крајните корисници:

  • Енергетска ефикасност (ЕЕ):
    Максимален износ на кредитот е 300.000 евра
    РБСМ ќе кредитира до 80% од износот на проектот при што останатите 20% ќе се кредитираат од останатите извори како кредит од банката учесник или сопствени средства на инвеститорот (градежи, опрема, обртни средства, готовина и сл.).
    До 30% од износот на кредитот може да е наменет за обртни средства.
     
  • Обновливи извори на енергија (ОИЕ):
    Максимален износ на кредитот е 500.000 евра
    РБСМ ќе кредитира до 80% од износот на проектот при што останатите 20% ќе се кредитираат од останати извори како кредит од банката учесник или сопствени средства на инвеститорот (градежи, опрема, обртни средства, готовина и сл.).
    До 30% од износот на кредитот може да е наменет за обртни средства.
Рок на отплата:

  • Енергетска ефикасност (ЕЕ):
    до 8 години со вклучен грејс период до 12 месеци
     
  • Обновливи извори на енергија (ОИЕ):
    до 12 години со вклучен грејс период до 24 месеци
Каматна стапка за крајните корисници:

 До 2,9% годишно.

Квалификувани кредитобаратели:

Микро, мали и средни трговски друштва.

Намена:
  • Финансирање на проекти за енергетската ефикасност ЕЕ (заштеда на енергијата)
  • Финансирање на проекти за обновливи извори на енергија ОИЕ (хидроенергија, геотермална енергија, енергија од биомаса, енергија на ветер, сончева енeргија и сл.)

Контакт со Секторот за кредитирање и комисиони работи:

Тел. 02/3115-844, 02/3114-840 лок. 121, 124, 127.


Банки учеснички кај кои може да се поднесе барање:

ПРОКРЕДИТ БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3219-927
централа: 02/3219-900
info@procreditbank.com.mk
https://www.pcb.mk

УНИ БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3286-025
централа: 02/3286-100
info@unibank.com.mk
https://www.unibank.mk

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3168-504
централа: 02/3168-168
contact@kb.com.mk
https://kb.com.mk

ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3200-520
централа: 02/3200-576
contact@sparkasse.com.mk
https://sparkasse.mk

СТОПАНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3295-524
централа: 02/3295-295
kontaktcentar@stb.com.mk
https://www.stb.com.mk

ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3240-844
централа: 02/3240-800
info@halkbank.mk
https://www.halkbank.mk