Цел на кредитната линија:

 Средствата од кредитите се одобруваат за поддршка на трговските друштва за трајни обртни средства.


Намена на кредитната линија:

 Поддршка на барањата за перманентно зголемување на потребите за обртен капитал.


Извори на средствата:

 Европска инвестициска банка во износ од 100.000.000 евра.


Квалификувани кредитобаратели:

 Како потенцијални корисници можат да се јават трговски друштва во приватна сопственост и кои се регистрирани во Р. Северна Македонија.



Услови на кредитната линија:


Износ на поединечен кредит наменет за крајните корисници:

Минимум: 5.000 ЕУР

Максимум: 666.700 ЕУР

Рок на отплата:

До 3 години

Вклучен грејс период:

До 6 месеци

Каматна стапка за крајните корисници:

До 1.6% годишно

Начин на отплата:

Квартална отплата

Учество на ЕИБ кредитната линија во поддршка на проектот:

До 100%

Исплата и наплата кон БУ:

Во девизи (ЕУР)

Забрани и исклучувања:

Од овој кредитен производ не може да се финансираат претпријатија со дејност:

 

  • Производство и извоз на оружје и опрема, инфраструктура и опрема или инфраструктура со која се ограничуваат индивидуалните права и слободи на луѓето или се кршат човековите права
  • Дејности кои имаат за цел производство или овозможување на употребата на опрема за коцкање и друга поврзана опрема и игри на среќа
  • Дејности кои имаат за цел производство, изработка, обработка или специјализирана дистрибуција на тутун, како и дејности кои овозможуваат користење на тутун
  • Активности поврзани со експерименти врз живи животни
  • Активности кои имаат негативно влијание на екологијата
  • Дејности кои се сметаат за етички или морално контроверзни генетски модифицирани организми (ГМО), клиники за абортус, нуклеарна енергија, клонирање
  • Активности од областа на трговија со недвижности
  • Проекти со пресметковна вредност поголема од 25 милиони ЕУР
  • Проекти поднесени од компании со над 250 вработени
  • Истражување и производство, рафинирање, транспорт, дистрибуција и складирање на јаглен, нафта и природен гас
Останато:

Бројот на вработени не смее да се намалува за време на отплата на кредитот

Провизија за управување за БУ:

Банката учесник може да наплати од крајниот корисник провизија за управување во висина до 1,0% еднократно

Задолжителна документација:

  • Кредитно барање со Инвестициска програма / Бизнис план
  • Тековна состојба од Централен регистар на Р. Северна Македонија
  • Копија од доказ за сопственост и проценка за понудено обезбедување
  • Годишни сметки за минимум последните две години
  • Листа на најголеми должници и доверители на кредитобарателот
  • Листа на членовите на органите на управување и раководење, големина на друштвото, број на вработени, делови на правното лице, во земјата и странство
  • Други документи на барање на банката.

Контакт со Секторот за кредитирање и комисиони работи:

Тел. 02/3115-844, 02/3114-840 лок. 121, 124, 127.