Подобрување и развој на производните способности кај микро, малите и средните претпријатија чија основна дејност е производство, преработка на земјоделски производи или извоз на земјоделски производи и нивни преработки. Со тоа би се подобрил капацитетот на микро, малите и средните претпријатија за настап на домашниот и странскиот пазар и би се зголемиле инвестициите, вработеноста и конкурентноста во Република Северна Македонија.
Набавка на основни и обртни средства и тоа:
Средствата ќе се одобруваат за подобрување и развој на нивните производни способности, за настап на домашниот и странскиот пазар, зголемување на инвестициите, за зголемување на вработеноста, за продуктивно почетно инвестирање и за зголемување на конкурентноста.
Компензациони фондови.
Микро, мали и средни претпријатија (согласно Закон за државна помош) кои вршат преработка на земјоделски производи (регистрирани при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство - МЗШВ).
Износ по проект: |
Максимум до 30.750.000 денари |
Рокови: |
|
Валута: |
Исплата на кредитот, пресметување на камата и плаќање на доспеани обврски се врши во денари. |
Каматна стапка за крајните корисници: |
1% годишно фиксна каматна стапка |
Крајни корисници и критериуми кои треба да бидат исполенти: |
Микро, мали и средни претпријатија (согласно Закон за државна помош) кои вршат преработка на земјоделски производи (регистрирани при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство - МЗШВ).
Критериуми кои треба да бидат исполнети:
При проверка на исполнетоста на критериумите и класификацијата не се зема во предвид изложеноста и билансите на поврзаните субјекти.
Кредитокорисникот и со него поврзаните лица наведени во изјавата за поврзани лица може да користат само еден од кредитите од 3-те производи од „Кредититe за агросектор-КФ“ до максимално предвидениот износ на кредитот.
По исклучок, кредитобаратели можат да бидат:
|
Искористување на средствата од кредитот: |
Средствата од одобрениот кредит се префрлаат по барање на корисникот на негова сметка и истите се користат само за намената за која се одобрени во рок од 90 дена од денот на приемот на средствата. |
Рефинансирање: |
Предмет на кредитирање можат да бидат и набавки кои се реализирани до 180 дена пред поднесување на кредитното барање од страна на кредитобарателот до банката. |
Обезбедување од крајните корисници: |
Како обезбедување кон договорот за кредит на износ до 6.100.000 денари потребно е кредитокорисникот да приложи:
Како обезбедување кон договорот за кредит на износ над 6.100.000 денари потребно е кредитокорисникот да приложи:
Проценката на заложениот имот со хипотека се врши само при воспоставување на обезбедувањето од страна на овластен проценувач согласно позитивната законска регулатива.
|
Целокупната документација за кредитот се поднесува до РБСМ (во просториите на банката, електронски или преку препорачана пошта):
1. Барање за кредит (формулар на РБСМ);
2. Апликација за регистрирање на клиент-правно лице (формулар на РБСМ);
3а. Tековна состојба (не постара од 3 месеци, од ЦРСМ);
3б. Тековна состојба за вистински сопственик (не постара од 6 месеци, од ЦРСМ)
4. Докази за немање достасани неподмирени обврски кон државата (Уверение од УЈП);
5. Решение за упис во соодветните регистри на откупувачи на земјоделски производи при МЗШВ;
6. Бизнис план или инвестициона програма;
7. ЗП образец (образец за потписници во име на фирмата, копија) и потписен картон од деловна банка (копија);
8. Документација за понуденото обезбедување на кредитот (доколку обезбедувањето е хипотека – копија од имотен лист, доколку обезбедувањето е банкарска гаранција – деловна банка која ќе ја издаде гаранцијата);
9. Биланс на состојба и биланс на успех најмалку за последната фискална година (копија);
10. Ревизорски извештај (за трговски друштва кои се обврзани да изготвуваат);
11. Акционерска книга или книга на удели;
12. Изјава за поврзаност со други правни/физички лица (формулар на РБСМ);
13. Документација за планираните набавки со средствата од кредитот;
14. Изјава за постоење својство носител на јавна функција на клиентот (формулар на РБСМ).
Тел. 02/3115-844, 02/3114-840 лок. 122, 125.
e-mail: kreditiranje@mbdp.com.mk