Цел на грант компонентата:

Поддршка на компаниите од најпогодените сектори од Ковид-19 пандемијата (туризам, занаетчии, угостителство, транспорт, индустријата за организација на настани и др.)


Намена на грант компонентата:

Финансиска поддршка и поддршка на ликвидноста на компаниите погодени од Ковид-19 пандемијата.


Извори на средствата:

Министерство за финансии на Република Северна Македонија.


Квалификувани корисници на грант компонентата:

Компании кои се корисници на Ковид 4 бескаматната кредитна линија.


Услови за аплицирање за грант:

Сите компании на кои ќе им биде одобрено користење на бескаматен кредит од Ковид4, се стекнуваат со право да поднесат барање за користење на грант компонента (отпуштање на долг во вкупен износ од 50% од износот на кредитот), доколку:
- Подмирил најмалку 40% од обврските по основ на кредитот и
- Нема регистрирано доцнење при сервисирање на обврските по основ на овој кредит подолго од 30 дена и нема извршено предвремена отплата на кредитот.
- За користење на грант-компонентата, кредитокорисникот треба да поднесе барање за отпуштање на долг до РБСМ.

Основи по кои може да се побара грант компонента:

1. категорија
Бројот на вработени во 2021 година во однос на 2020 година е зголемен за најмалку 5,0% (се користат податоци од МПИН образец за декември 2021 и 2020 година, при поднесување на барањето за грант), при што кредитокорисникот има право да бара грант од 20%
2. категорија
Вкупните приходи за 2021 година се зголемени најмалку за 10,0% споредено со вкупните приходи во 2020 година (се користат податоци од билансот на успех за 2021 и 2020 година, АОП 201), при што кредитокорисникот има право да побара грант од 30%
3. категорија
Кредитокорисникот кој ги исполнува условите од Категорија 1 и Категорија 2  (се доставуваат документите и се применуваат постапките наведени во Категорија 1 и Категорија 2 заедно) има право да побара грант од 50%.

Исполнетост на критериумите за користење на грант компонентата ќе се оценува во моментот на поднесување на барањето за одобрување грант компонента (отпуштање долг)


Формулари за грант:


Контакт со Секторот за кредитирање и комисиони работи:

Тел. 02/3115-844, 02/3114-840 лок. 121, 124, 127.