Средствата од кредитот се одобруваат за директна поддршка на микро, мали и средни трговски друштва, трговци-поединци и занаетчии.
За обртни средства за поддршка на компаниите погодени од енергетската и економската криза.
Наплатени средства од кредитните линии „Ковид 1“ и „Ковид 3“ во износ од 310.000.000 денари.
Како потенцијални корисници можат да се јават микро, мали и средни трговски друштва (согласно тековната состојба), ТП и занаетчии (кои плаќаат давачки на реален приход) активни во класа на дејности од Листа на прифатливи класи на дејности за финансирање (дејноста се утврдува согласно приоритетната дејност наведена во Тековната состојба) и кои се регистрирани во Република Северна Македонија.
Износ на поединечен кредит наменет за крајните корисници: |
Минимум: 185.000 денари
Максимум: 3.000.000 денари |
Рок на отплата и грејс период: |
|
Валута: |
денари |
Каматна стапка за крајните корисници: |
0% |
Провизија за управување: |
РБСМ нема да наплаќа провизија за обработка на кредитните барања. |
Начин на отплата: |
Квартална отплата |
Начин на пласирање на кредитот: |
Одобрениот кредит се исплаќа директно на кредитокорисникот согласно инструкциите наведени во Барањето за кредит. |
Грант компонента: |
За секој кредитокорисник е предвидена грант компонента која се состои во отпуштање на дел од долг по основ на главница под услов да нема доцнење при сервисирање на кредитот повеќе од 60 дена и за износи поголеми од 10.000 денари и тоа:
Предвремената отплата на кредитот од страна на кредитокорисникот го исклучува правото на грант во целост.
Отпуштањето на долгот ќе се врши од последните рати на кредитот.
|
Микро, мали и средни трговски друштва (согласно тековна состојба), трговци поединци и занаетчии кои плаќаат данок на реален приход кои се регистрирани во Република Северна Македонија согласно позитивните прописи и се со основна главница во приватна сопственост на правни и физички лица од најмалку 51%, согласно Листата на прифатливи класи на дејности за финансирање (дејноста се утврдува согласно приоритетната дејност наведена во Тековната состојба).
Кредитобарателот може да ја провери својата класификација по големина со увид во негова тековна состојба.
Шифра
|
Н а з и в
|
01.11
|
Одгледување на жита (освен ориз), мешункасти растенија и маслодајно семе
|
01.12
|
Одгледување на ориз
|
01.13
|
Одгледување на зеленчук, дуњи и лубеници, коренест и трупкаст зеленчук
|
01.14
|
Одгледување на шеќерна трска
|
01.21
|
Одгледување на грозје
|
01.24
|
Одгледување на јаболчесто и коскесто овошје
|
01.30
|
Одгледување на саден материјал
|
01.41
|
Одгледување на молзни крави
|
01.42
|
Одгледување на други говеда и биволи
|
01.45
|
Одгледување на овци и кози
|
01.46
|
Одгледување на свињи
|
01.47
|
Одгледување на живина
|
10.11
|
Преработка и конзервирање на месо
|
10.12
|
Преработка и конзервирање на животинско месо
|
10.13
|
Производство на животинско и месо од живина
|
10.31
|
Преработка и конзервирање на компири
|
10.32
|
Производство на сокови од овошје и зеленчук
|
10.39
|
Друга преработка и конзервирање на овошје и зеленчук
|
10.41
|
Производство на масла и масти
|
10.42
|
Производство на маргарин и слични масти за јадење
|
10.51
|
Преработка на млеко и производство на сирења
|
10.52
|
Производство на сладолед
|
10.61
|
Производство на мелнички производи
|
10.62
|
Производство на скроб и производи од скроб
|
10.71
|
Производство на леб, слатки (колачи, торти) во свежа состојба и бисквити (кекси)
|
10.72
|
Производство на двопек и бисквити, производство на конзервирани слатки и печива
|
10.73
|
Производство на макарони, њоки, кускус и слични тестенини
|
10.81
|
Производство на шеќер
|
10.82
|
Производство на какао, чоколади и кондиторски производи
|
11.02
|
Производство на вино од грозје
|
Кредитното барање со комплетната документација се доставува исклучиво по електронски пат, на следната е-маил адреса: eekriza@mbdp.com.mk.
Доставените кредитни барања се распределуваат автоматизирано, поради што е неопходно да се почитуваат следните правила при аплицирање:
Кредитното барање е задолжителен документ и доставената друга документација нема да биде разгледана додека не се достави Кредитно барање. Кредитното барање мора да биде целосно пополнето.
Кредитното барање и пропратните документи чии обрасци се пропишани од банката, се препорачува да бидат пополнети електронски, на компјутер, или доколку тоа не е возможно да бидат пополнети читко со печатни букви.
Кредитните барања можат да бидат потпишани рачно или со дигитален сертификат.
Кредитобарателот може да поднесе само едно кредитно барање.
За кредитната линија е објавен Јавен повик бр. 1 на 05.05.2022 година.
Кредитните барања за јавниот повик се доставуваат 15 дена, со почеток од 11. мај 2022 година од 09:00 часот и завршува на 26. мај 2022 година во 09:00 часот.
Обработката на пристигнатите кредитни барања ќе отпочне по затворање на јавниот повик.
Документите кои се доставуваат на јавниот повик се неповратни.
Неадекватните кредитни барања на неквалификувани кредитокорисници нема да се разгледуваат.
Некомплетните барања за кредит нема да се разгледуваат сè додека не се дополнат.
Пристигнатите документи без Кредитно барање (образец на веб-страницата на банката) нема да се обработуваат сè додека не се поднесе Кредитното барање.
Банката не сноси никакви трошоци настанати со подготовка, составување и доставување на барањата за кредит, така што учесникот на јавниот повик нема право на надоместок на какви било трошоци по основ на учество на овој јавен повик.
Банката ќе ги извести барателите на кредит на коишто им е одобрен кредит врз основа на доставено Кредитно барање, на електронската адреса наведена во Тековната состојба на субјектот.
Банката ќе ги извести кредитобарателите чии кредитни барања се одбиени, со причина за одбивање, на електронската адреса наведена во Тековната состојба на субјектот.
Банката нема да ги известува индивидуално кредитобарателите чии кредитни барања се пристигнати по исцрпување на средствата.
За исцрпување на средствата по објавениот Јавен повик, банката ќе објави на својата веб страница.
Тел. 02/3115-844, 02/3114-840 лок. 121, 124, 127.
e-mail: kreditiranje@mbdp.com.mk