Микро, мали и средни претпријатија регистрирани во РСМ, извозни компании, општини во делот на поддршка на проекти од ИПА компонентата, субјекти погодени од пандемијата со коронавирусот Ковид-19 и субјекти погодени од последиците од енергетската и економска криза.
Кредитирањето може да биде преку комерцијалните банки, т.е. банки- учеснички и директно преку РБСМ.
Во постапката за добивање на кредит преку деловните банки, претпријатијата аплицираат во една од банките-учеснички, а во постапката за добивање на кредит директно од РБСМ, тие аплицираат во РБСМ.
Времетраењето на постапката од поднесувањето на комплетната документација во банката- учесник или во РБСМ до одобрување на кредитот, трае не повеќе од еден месец.