Гаранцијата е инструмент со кој гарантот (Развојна банка на Северна Македонија) се обврзува кон доверителот дека ќе ја исполни полноважната и стасана обврска на должникот (клиентот на Развојна банка на Северна Македонија), доколку тоа не го стори должникот.
Со измените и дополнувањето на Законот за Развојна банка на Северна Македонија („Службен весник на РСМ“ бр. 77/21), во Развојна банка на Северна Македонија се формираше Гарантен фонд како посебна организациска единица – одделение за Гарантен фонд во рамки на Секторот за кредитирање и комисиони работи. Гарантниот фонд е столбот на кредитно-гарантната шема преку која се поддржува приватниот сектор, преку обезбедување на дел од колатералот за кредити одобрени од банки и штедилници.
Гарантниот фонд е формиран со средства од Буџетот на Република Северна Македонија, во износ од 15 милиони евра.
Рамките на кредитно-гарантната шема, ограничувањата на Гарантниот фонд, начинот на финансирање, прифатливи кредити за гарантирање, како и известувањето се уредени со самиот Закон.
Од Гарантниот фонд, се реализираат два производи: