Што е факторинг?

Факторинг е услуга која овозможува продажба на производи и услуги на одложено плаќање, при што дел од средствата наведени во фактурата се добиваат веднаш.
Факторингот комбинира кредитна заштита, регистар на побарувања, наплата на побарувања и финансирање за компаниите кои продаваат производи и услуги со одложено плаќање пократко од 180 дена. РБСМ откупува фактури и исплаќа аванс по основ на доставена фактура во износ од 80%.


Како е обезбеден факторингот?

Авансно плаќање се нуди со каматна стапка која се пресметува до моментот на плаќање на фактурата од страна на купувачот. Како гаранција служи фактурата за реализирана продажба на производи или услуги помеѓу продавачот и купувачот, осигурување на побарување и меница.

Секоја фактура која е доставена за исплата по основ на факторинг, претходно треба да е задолжително осигурана од комерцијален ризик во РБСМ. 


Придобивки од факторинг:

  • Подобрување на готовинскиот тек и ликвидноста;
  • Различни опции за инвестирање на расположливата готовина;
  • Финансирање на обртниот капитал без хипотека како гаранција;
  • Можност за зголемување на рокот на одложено плаќање и освојување на нови клиенти на таа основа;
  • Подобро управување на сомнителните и спорни побарувања;
  • Повисок квалитет на финансиски информации на компанијата