МБПР организира Регионална конференција на банки и Извозно кредитни организации, хотел Дрим Струга, на 15-16 јуни 2006 година.
Мисијата на Македонска банка за поддршка на развојот е да го поддржи развојот на македонските компании преку обезбедување на финансиски извори и промоција на македонскиот извоз. Со цел да овозможи подобра услуга, во 2001 година, МБПР го воведе трговското кредитно осигурување и со тоа ја превзема улогата на национална извозно кредитна агенција ( ЕКА ).
Во време на остра конкуренција помеѓу националните економии, ЕКА играат важна улога бидејки со своите активности и услуги при до несуваат за подобар и поконкурентен настап на своите извозници на странските пазари. Во таа насока, МБПР стана член на Прашкиот клуб во 2001 година и потпиша повеќе договори за соработка со слични институции во регионот и пошироко. Со цел да се развие и унапреди соработката, МБПР ја организира Првата Регионална Конференција на Извозно кредитните агенции.
Основните цели на оваа конференција е да ги п отикне регионалните ЕКА да разговараат за можностите и предизвиците за подобрување на регионалната трговска размена и соработка и за нејзиниот ефект врз националните економии.
Следејки ја позитивната стратегија на Европската Комисија за проширување и развој на унијата кон трансформирање на регионот преку Европската перспектива, на конференцијата ке се разгледуваат две клучни теми:
- Регионалната соработка – најдобар начин за адаптација на регионот кон Европската иднина и
- Улогата на Ексим банките и ЕКА во подобрувањето на регионалната соработка
Цениме дека оваа конференција е од интерес за регионалните Извозно кредитни агенции и развојни банки бидејќи претставува форум за соработка кој ќе влијае кон подобрување на Македонската економија и ќе придонесе кон поголема економска и политичка интеграција во регионот.
Конференцијата ќе се одржи во Струга, во хотел Дрим, на 15-16 Јуни 2006 година со одржување на панел презентации кои предвидуаат отворени дискусии и активно вклучување на учесниците на конференцијата.