Повлечена седмата транша

25.01.2011

Повлечена е седмата транша од кредитната линија од ЕИБ во износ од 4,5 милиони ЕУР. Со овие средства ќе се поддржат нови 22 проекти со пресметковна вредност од 8,5 милиони ЕУР. Од оваа транша, 63,85% се за поддршка преку инвестициски кредити со рок на отплата до 5 години, додека остатокот е за поддршка преку кредити за обртни средства со рок на отплата до 3 години.
Со реализација на овие 22 проекти се очекува да се отворат нови 119 работни места .
Проектите се реализираат преку: НЛБ Тутунска банка ад Скопје и Прокредит банка ад Скопје.
МБПР започнува со подготовки за повлекување на нова транша за проиритетни проекти, како и транша за кредитирање на МСП од кредитната линија од ЕИБ.