Повлечена е петтата транша од кредитната линија од ЕИБ во износ од 9,6 милиони ЕУР. Со овие средства ќе се поддржат нови 49 проекти со пресметковна вредност од 18,7 милиони ЕУР. Од оваа транша, 82% се за поддршка преку инвестициски кредити со рок на отплата до 5 години, додека остатокот е за поддршка преку кредити за обртни средства со рок на отплата до 3 години.
Со реализација на овие 49 проекти се очекува да се отворат нови 221 работни места .
Проектите се реализираат преку: Комерцијална банка ад Скопје, НЛБ Тутунска банка ад Скопје, Стопанска банка ад Битола, Стопанска банка ад Скопје, ИК банка ад Скопје, Охридска банка ад Охрид и Прокредит банка ад Скопје.
МБПР започнува со подготовки за повлекување на шестата транша од кредитната линија од ЕИБ.