16.07.2010

16.07.2010

Повлечена е четвртата транша од кредитната линија од ЕИБ и префрлена на деловните банки учеснички. Со средствата од оваа четврта транша во износ од 5,55 милиони ЕУР се поддржуваат 39 проекти со пресметковна вредност од 10,7 милиони ЕУР. Притоа, се очекува да се отворат нови 217 работни места.

Проектите се реализираат преку: Комерцијална банка ад Скопје, НЛБ Тутунска банка ад Скопје, Стопанска банка ад Битола, Стопанска банка ад Скопје, ИК банка ад Скопје, Охридска банка ад Охрид и Прокредит банка ад Скопје.
70% од кредитните средства се наменети за инвестициски кредити (со рок на отплата до 5 години) и 30% за кредити за трајни обртни средства (со рок на отплата до 3 години).
МБПР започна со подготовки за повлекување на петта транша од кредитната линија од ЕИБ.