Зајакнување на соработката на Развојна банка со меѓународните институции за осигурување на извозот
Развојната банка учествуваше на средба на Прашкиот клуб, која се одржа од 21 до 24 мај 2024 година во Атина, каде домаќин беше грчката агенција за осигурување на извозни кредити ЕЦГ. На средбата присуствуваа развојни банки, како и агенции за поддршка на извозот кои споделуваа успешни пракси во делот на унапредување на извозните трансакции. Развојната банка ја продлабочува и зајакнува меѓународната соработка, со цел отворање на нови можности за осигурување и поддршка на извозот на домашните компании.