Конференција за животна средина, општествени прашања и управување

08.02.2023

Развојна банка на Северна Македонија, во рамките на Конференцијата посветена за важноста на критериумите за животна средина, општествени прашања и управување (ESG - environment, social issues and governance), организирана од страна на Американската стопанска коморa во Северна Македонија (AmCham), ги претстави своите сегашни активности и идни планови поврзани со финансирање на ЕСГ активностите на микро, малите и средни трговски друштва од државава.
 


На панелот посветен на пристапот до финансии, финансиските инструменти и изворите на финансирање, Раководителот на Службата за план и анализа во РБСМ, д-р Горан Ковачев говореше за условите на кредитната линија наменета за енергетска ефикасност (ЕЕ) и обновливи извори на енергија (ОИЕ) обезбедена со помош на Владата на Република Северна Македонија, како и интересот на компаниите, односно намената на инвестициите финансирани од истата. Тој притоа потенцираше дека во функција на ЕСГ инвестициите покрај оваа специјализирана кредитна линија, компаниите можат да ги користат и останатите производи на Развојната банка.
 


Д-р Ковачев се осврна и на идните планови на Банката. Имено, благодарение на докапитализацијата на Банката во износ од 10 милиони евра што Владата на РСМ ја изврши кон крајот на минатата година, во следниот период ќе се продолжи со кредитната линија за енергетска енергетска ефикасност (ЕЕ) и обновливи извори на енергија (ОИЕ). Дополнително беше најавена најновата седма по ред соработка со ЕИБ во форма на кредитна линија во износ од 100 милиони евра која наскоро ќе се стави на располагање на македонските компании, со која најмалку 30% од средствата ќе бидат резервирани за финансирање на ЕСГ проекти. Беше ставен акцент и на активностите на Банката за изнаоѓање дополнителни извори на средства од странски кредитори за потребите на компаниите, со цел таа и понатаму да ја извршува својата развојна функција определена со Законот.