Започна аплицирањето за кредитната линија за обртни средства за компании погодени од енергетската и ценовна криза директно преку РБСМ
Кредитната линија е наменета за микро, мали и средни претпријатија, трговци поединци и занаетчии кои плаќаат данок на реален приход и се регистрирани во Република Северна Македонија. Компаниите треба да бидат најмалку во 51% приватна сопственост.
Минималниот износ на кредит е 185.000 денари, додека максималниот износ на кредит е 1.845.000 денари за микро, мали и средни ТД односно 615.000 денари за ТП и занаетчии. Кредитот ќе има рок на отплата од 18 до 36 месеци со вклучен грејс период од 6 месеци.
Поднесувањето на кредитните барања ќе се одвива по електронски пат на е-маил адресата eckriza@mbdp.com.mk, почнувајќи од денес, 26.12.2022 година од 09:00 часот до 09.01.2023 година до 09:00 часот.
Кредитните барања ќе се обработуваат хронолошки како што се пристигнати на е-маил за квалификуван кредитокорисник кој ги исполнува критериумите за одобрување на кредит по принципот ,,ПРВ ДОЈДЕН, ПРВ УСЛУЖЕН”.