Најдобри банкарски службеници за 2022 година

02.11.2022

По повод светскиот ден на штедење 31. октомври, од страна на Македонската банкарска асоцијација, признание за постигнати особени резултати во нивната работа добија 33 службеници од 13 банки, 2 штедилници, Клириншката куќа КИБС АД и Македонското кредитно биро.

Фросина Јосифовска и Ермира Бесими Ибиши се двајцата службеници од Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје кои ја добија наградата за најдобри банкарски службеници во 2022 година.
 

  


Фросина Јосифовска
работи во секторот за управување со средства и ликвидност како шеф на одделението за средства и ликвидност. Во банката е од самите почетоци, извршувајќи ја својата работа со посветеност, дваесетичетири годишно искуство и стручност зад себе, несебично помагајќи им на помладите колеги во извршувањето на својата работа.

Ермира Бесими Ибиши работи во секторот за кредитно осигурување како самостоен службеник за кредитно осигурување веќе четиринаесет години, и особено се истакнува по својата одговорност во работењето, колегијалност како и желбата за постојано усовршување.